Ако Погачар биде севкупен победник, тој ќе стане најуспешниот велосипедист во историјата на Тур де Франс со пет трофеи, заедно со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин.
На 5 јануари 2014-та фудбалскиот свет го напушти Еузебио - кралот на португалскиот фудбал и еден од најголемите на сите времиња. Во фудбалот остави фасцинанти бројки како на пример 11 првенствени титули со Бенфика и вкупно 790 голови за клуб и репрезентација. Во 62-ра Бенфика ја качи на Европскиот трон, а во 65-та ја освои Златната топка. Безременско легендиште.
На Хопман Купот во Перт играа Шпанецот Фелисиано Лопез и Американецот Џек Сок. Во еден момент Лопез сервираше силно и ја погоди во глава жената која што собира топчиња. Тогаш на сцена настапи џентлменот Сок.
Кинеското цунами кое го погоди европскиот фудбал не може да биде толку големо како што изгледа бидејќи клубовите се лимитирани на четворица странци во екипа. Приоритет е да има место за Кинезите кои треба од нив да научат фудбал. Работата изгледа доста сериозна бидејќи во игра се влезени најголемите светски компании.
Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.
На 3,6 секунди до крајот на мечот меѓу Динамо Сасари и АЕК во кошаркарската Лига на шампиони еден навивач со сета сила го турна Хрватот Роко Укиќ. Следуваше реакција од полицијата која едвај го истера надвор гледачот. На крајот победи Динамо Сасари со 80-79.
Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.
Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.
Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.
Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.
Ако во нешто може да ја споредуваме НБА лигата со европската кошарка, најдовме врвен кандидат кој може да им парира. Ви ги претставуваме чирлидерките на Жалгирис од Литванија.
Африканската фудбалска конфедерација ја објави кратката листа од пет кандидати за наградата најдобар играч на Африка која ќе се доделува на 5 јануари. На списокот го нема Јаја Туре кој беше „претплатен“ на оваа награда.
Откако се врати во првата петорка на Денвер и дава во просек по 12 поени на натпревар, Никола Јокиќ повторно ја заинтересира јавноста од неговиот роден Сомбор па до Денвер, а овој пат зборуваше за тоа кога пиел три литри Кока-кола и колку ќебапи јадел.
Клаудио Каниџа е култен херој на Аргентина познат по белиот прав и другарството со Марадона. И да победува и да губи неговиот тим, никој не можеше да го извади од диско, па дури ни Вујадин Бошков.
Интересна ретро случка поткрепена со фотографии во која несвојствено еден фудбалски натпревар од најелитното клупско европско натпреварување се одиграл и покрај тоа што едниот тим неколку мигови претходно бил дел од сообраќајна несреќа.
За еден од најдобрите на сите времиња зборуваа дека одбрал да носи број 24 како синоним за напорните тренинзи 24 часа. Освои пет шампионски прстени, салите ширум САД се полнеа поради него, а Лос Анџелес го прогласи 24. август за Ден на Коби Брајант.
Славниот играч на Милан се пробива како тренер во Серија Б каде лани ја внесе Пиза преку плеј-оф. После сè што доживеал во кариерата како фудбалер, не можел да поверува дека еден ден ќе му се случи и нешто вакво.