Летото 2009-та Каталонците во напад го добија Златан Ибрахимовиќ, а за него го жртвуваа Самуел Ето и доплатија 46 милиони евра. Камерунецот тогаш беше еден од водечките играчи на Интер во освојувањето на тројната титула, а за трансферот му се заблагодарува на еден негов иден колега од кој добил смс порака и покрај тоа што не се познавале.
„Сакам да му се заблагодарам бидејќи иако не го познавав, кога бев во Камерун добив порака со потпис Марко Матераци. Му се јавив на Албертини, бидејќи со него играв во Барселона за да ми каже дали овој број е негов. По пет минути добив потврда. Тоа што играв во Интер е благодарение на Марко Матераци“.