Баварците се во лоша серија која не е својствена за нив и која не им се случуваше ниту во времето на Хајнкес, ниту со Гвардиола. Серија која ги исфрли од две натпреварувања. Одиграа 5 меча за две недели и не победија на ниту еден.
Работите на лошо тргнаа на 12 април кога во четвртфиналето во Лигата на шампионите загубија од Реал Мадрид 1:2 и тоа на домашен резултат.
По само три дена имаа гостување во Бундеслигата против Баер Леверкузен кое заврши без голови.
На тешкиот распоред среда – недела – среда, следуваше реваншот со Реал Мадрид на кои покажаа заби и со идентичен резултат се изборија за продолженија. Но контроверзните судиски одлуки ги чинеа скапо и Реал со победа од 4:2 се пласираше во полуфинале.
На 22 април во домашното првенство го пречекаа Мајнц, 13-то пласиран тим против кој не се очекуваше да имаат проблеми. Но гостите на два пати имаат водство, а Баварците во 73 минута преку Алкантара се спасуваа за конечни 2:2.
Избраниците на Карло Анчелоти не успеаа да ги излечат раните од ЛШ ниту во германскиот Куп со кој ќе беа во игра за двојна титула. Имаа водство на полувреме од 2:1, но потоа се соочија со Штербик, а на крај загубија откако Борусија направи целосен пресврт.
Стратегот на Милионерите Томас Тухел изјави дека една од најтешките задачи во Европа е да играш елиминациски меч на Алијанц арена и да издвоиш победа.
Статистиката покажува дека серија на Баерн Минхен од 5 натпревари по ред без победа им се случува прв пат во последните 22 години.
По елиминацијата во Лига на шампиони и Купот на Германија. на Анчелоти му останува борбата за титулата во Бундеслигата. Таму има 8 бодови предност пред Лајпциг на четири кола до крај.
За да издржат на сите три полиња, Баварците можеби треба да мислат на подмладување. Просечната возраст на стартните 11 на реваншот против Реал Мадрид им изнесуваше 30 години и 116 дена, што се смета за најстар тим во историјата на ЛШ.