Иако на табелата заврши пред нив, повеќекратниот европски првак доживеа дебакл во четртфиналната серија со Фенербахче. Турците прво ги добија првите две средби во Атина, па на ПАО му следуваше пеколна задача да направи брејк во Истанбул а газдата им ветил премии од по 250.000 евра ако успеат да изборат мајсторка.
На крајот Перо и другарите ги прегазија со 79:61 поради што газдата на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос збеснал и ги натерал дома да се враќаат со автобус - повеќе од 1.100 километри.
Неговата одлука не ја послушале Мајк Џејмс, Крис Синглтон и Кени Габриел од Американците и Адонис Фоцис како единствен бунтовник од грчките кошаркари. Овие четворица купиле авионски карти на свој трошок.
Panathinaikos bus has departed for Athens without Antonis Fotsis, Mike James, Chris Singleton and Kenny Gabriel, according to source.
— David Pick (@IAmDPick) April 26, 2017
„Освоив три титули во Евролигата со Панатинаикос и вие сега ќе ме праќате дома со автобус после пораз од Фенербахче? Шанса нема“, револтирано изјавил 36-годишниот грчки крилен центар Фоцис.
Сите останати после 17 часа возење со автобус се вратиле во Атина утрово.
Μια εικόνα,χίλιες λέξει... δεν αξίζει τέτοια συμπεριφορά σε επαγγελματίες. pic.twitter.com/KLSXwJqWbg
— Alex (@laletsos) April 26, 2017
По пат доцна синоќа решиле да направат пауза на северот од Грција, па седнале да вечераат во некој локален ресторан. И покрај долгиот и напорен пат, биле во добро расположение и се сликале и мубетеле со персоналот во ресторанот.
Во Атина стигнале во седум часот наутро а тренерот Чави Пасквал после краток одмор најавил дека во текот на денот ќе има состанок со претседателот Јанакопулос и извесно е да се збогуваат.