Се играше 36-то коло во Премиер лигата од сезоната 2013/2014 кога момците на Брендон Роџерс по една блескава сезона речиси ја имаа титула во раце. Ливерпул имаше 80 бодови, Челси 75, Манчестер Сити 74, но и натпревар помалку.
Ситуација измислена за „Црвените“ кои последен пат се радуваа во 1990-та. Таа сезона го имаа Луис Суарез кој со 31 гол беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата.
Манчестер Сити играше на гости против Кристал Палас меч кој заврши 0:2, а Челси гостуваше на Енфилд Роуд. Во еден момент Џерард прими една топка на средина од теренот, но токму тој момент се покажа како кобен. Се лизна, падна, а Челси даде гол и победи.
Изгледот на табелата не се промени, ама Ливерпул беше под притисок и со надеж дека Сити еднаш ќе киксне: Ливерпул 80 бодови, Челси 78, Манчестер Сити 77. Во оваа новонастаната ситуација судбината беше во рацете на Мануел Пелегрини и фудбалерите на Манчестер Сити кои имаа ем натпревар помалку ем најдобра гол разлика. Со три победи се шампиони.
До крајот на сезоната распоредот изгледаше вака:
Евертон - Манчестер Сити
Манчестер Сити - Астон Вилa
Манчестер Сити - Вест Хем
Кристал Палас - Ливерпул
Ливерпул - Њукасл
Челси - Норич
Кардиф Сити - Челси
Ливерпул и Челси освоија по 4 бода, а Манчестер Сити сите 9. Конечна табела: Манчестер Сити 86, Ливерпул 84, Челси 82.
Со едно лизгање на трева се смени историјата во Премиер лигата.
Како Манчестер Јунајтед гледаше на тој момент.