Се играше 31-во коло од Серија во сезоната 1997/1998. Јувентус беше во победнички циклус со освоени 2 Скудета, Лига на шампиони, Супер Куп на Европа и Интерконтинентален Куп во период од три години и во потрага по нова титула и трето финале по ред во ЛШ. Интер веќе имаше изградено тим за трофеи, но се уште со максимум трето место во првенство.
Составите силни и во двата табора. Липи ги имаше Перуци. Зидан, Давидс, Деј Пјеро, Инѕаги, а Џиџи Симоне располагаше со Занети, Џоркаев, Симеоне, Заморано, Роналдо кој дебитираше во италијанскиот фудбал.
Јувентус му бегаше на Интер еден бод, а на мечот и претходеше скандалозна победа на Старата Дама против Емполи. Домаќините постигнаа гол со глава преку Стефано Бјанкони, Перуци ја исфрли топката, но откако таа беше едно метро во гол. Судијата не го призна голот и така Јувентус стигна до 66 бода, наспротив 65 на Интер.
Во Торино следуваше натпревар вреден Скудето. Очите беа вперени кон Дел Пјеро и Роналдо, кои играа во врвна форма. Во 21 минута Алекс го измрда својот чувар и од една неочекувана позиција го матираше Паљука.
Драмата се случи во второ полувреме откако судијата Чекарини не досуди судир меѓу Јулијано и Роналдо за кој се вели дека би го признале и навивачите на Јуве. Акцијата продолжи и по само неколку секунди старт на Тарибо Вест врз Инѕаги по кој судијата не се двоумеше.
Фудбалерите на Интер збеснаа и му се пуштија на Чекарини, нивниот тренер Џиџи Симони доби црвен картон откако му се обрати на судијата со зборовите „Засрами се“, а Морати во знак на протест веднаш го напушти стадионот.
Паљука му ја фати на Дел Пјеро со нога, ама тоа не промени ништо. Јувентус победи 1:0 и се доближи до Скудетото. До крајот освои 5 бода (Нерешено со Виченца и Аталанта и победа со Болоња, а Интер 4 (Пораз од Бари, реми со Пјаченца и победа со Емполи).
Победничкиот гол на Дел Пјеро
Драматичните моменти со пеналите
Изјави по мечот:
Морати: Судиите се плашат да носат одлуки кои не се во корист на Јувентус.
Конте: Чекарини судеше добро.
Роналдо: Само судијата не го виде пеналот.
Интер протестира: Срам
Составите: