27 април 2017 ќе биде запаметен како датум испишан со златни букви во македонскиот ракомет и спорт воопшто. По пласманите на ЖРК Вардар во Ф4, конечно и ракометарите на Вардар се најдоа во друштво на големата европска четворка. Последниот напад против Флензбург кој делуваше загубено во Јане Сандански, како и поголемиот дел од мечот навивачите го гледаа застанати на нозе нетрпеливи да истече и последната 60-та минута од историскиот меч. На крајот сите во еден глас: шампиони, шампиони.