ЕХФ ги спрема жителите на Келн, доаѓаат навивачите на Вардар
Дека ракометарите на Вардар ја имаат најдобрата поддршка во Европа веќе одамна не е тајна, но по синоќешните „грмотевици“ во салата „Јане Сандански“, европската ракометна федерација посебно ги предупреди жителите на градот каде на 3. и 4. јуни ќе се игра Фајнал форот да си купат тампони за уши.