Offside

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура продолжува да ги поместува границите на невозможното во светскиот фудбал. Кога дебитирал, Лео Меси уште не бил роден.

Сите дебитантски голови на Марко Асенсио

Страшниот талент на Реал Мадрид стана рекордер откако даваше голови на дебијата во: УЕФА Супер Куп, Ла Лига, Лига на шампиони, Европското У-21, Копа дел Реј и шпанскиот Супер Куп.

506 пенали за Јуве, Скудето за Про Верчели, Казале и Новезе

Со дуелот меѓу бранителот на титулата, Јувентус и Каљари денеска со почеток од 18 часот стартува новата сезона од Серија А која ја чекаме со душа. Одиме со 10 факти за италијанско од кои сигурно повеќе од пола не ви се познати. Парма нема освоено Скудето.

„Додека е Трамп таму, мене не ме гледате во Белата Куќа“

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.

Сочувство за Барселона од целиот спортски свет

По терористичкиот напад во Барселона каде на една од најпознатите светски улици загинаа најмалку 14 лица а повредени се стотина, светот на спортот реагираше и прати пораки за сочувство и храброст на најблиските на загинатите.

Кој рече дека вчера немало навивачи на плоштад

Влатче Гроздановски кој годинава како играч на Вардар ги закачи копачките на клинец, требаше да даде свое видување пред пресметката со Фенербахче, арно ама времето предвидено за разговор во живо му го земаа други. Во ред е да се има еуфорија за ваков меч, ама по кроце бе дечки.

Комити со голем плен после Фенербахче

Во навивачкиот свет, само ним разбирлив, за голема победа важи одземањето на знаме, шал или било каков реквизит од спротивната навивачка група. Фенербахче во Скопје синоќа го бодреа многу негови следбеници од регионов, а знамињата на оние дојдени од Косово паднаа во раце на навивачите на Вардар.

Торцида го „оправда“ реномето во Ливерпул

Околу 1.600 навивачи на Хајдук Сплит синоќа го гледаа мечот со Евертон на „Гудисон Парк“ а во 32 минута од мечот искрите преминаа во општ хаос па словачкиот судија Кружилак мораше на 5 минути да го прекине мечот затоа што многу Торцидаши влегоа на терен и се судрија со редарската служба и полицијата.

Навивачите на Легија со неверојатна кореографија против УЕФА

Европската фудбалска унија неодамна го казни полскиот клуб Легија со 35.000 евра поради големото прекривно знаме кое што го имаа на минатиот меч а на кое оддаваа почест на стотици илјади убиени Полјаци во Втората Светска војна.

Денешната насловна на сајтот на УЕФА

Капитенот Бобан Грнчаров и останатите јунаци на Чеде Јаневски се топ тема и на сајтот на УЕФА, каде е истакнато големото изненадување кое Вардар му го приреди на Фенербахче.

Автоголот на Фенербахче со коментар на Бранко Илиевски

Кога му го слушаш гласот мислиш дека гледаш италијанско на Телма. Но Бранко е во друг медиум и пред друг натпревар, а кога домашен клуб ќе направи ваква сензација, емоцијата е многу поголема. Премотувајте и уживајте.

Шкендија потона во Милано

Македонскиот вицешампион е веќе елиминиран во плејофот од Лига Европа. Со новиот Милан нема играчки, броеше до шест и не и остави на Шкендија ниту тронка надеж дека може нешто да направи на реваншот во Скопје. Силва и Монтоливо стрелаа по два пати, Борини и Антонели по еднаш.

Јуначки Вардар до историска победа, падна Фенербахче!

Фудбалерите на македонскиот шампион ја забележаа најголемата победа во клупската историја откако во првиот меч од баражот за Лига Европа го победија скапоцениот и ѕвезден тим од Истанбул.

Како Барсегјан му нарача космодиск на Шкртел

Еден од најубавите голови во помодерната историја на Вардар во евро-куповите падна вечерва откако Тигран Барсегјан го прати легендарниот стопер Мартин Шкртел по бурек.

Најава на Комити за историскиот двобој со Фенебахче

По сите премрежија кои се случија периодов и за Вардар и за сите негови навивачи, време е за концетрација и смиреност. Вечерва со почеток од 20:00 часот на Телеком арената гостува великанот Фенербахче кој со полн стадион, гласна поддршка и нов тренер, Вардарци ќе се обидат да го изненадат. Мора силно и без пардон, се работи за последната пречка пред историски пласман во ЛЕ.

Најверниот навивач на годината доаѓа од Сплит

Хајдук вечерва (21:05) игра против Евертон во плејофот на Лига Европа. Клубот од Далмација за овој меч добил околу 1.600 карти за своите навивачи а еден од нив ги заслужува сите почести за гостувањето во Ливерпул.

Од каде нео-нацистичко знаме поради кое Вардар е казнет

УЕФА ги влече за уши и казнува клубовите за: употреба на пиротехника, седење на простор за поминување (скали), блокирање на влезови, употреба на неонацистички симболи. Ова последново му го залепија на Вардар чија историја и делување се оградува од таа идеологија.

Шкендија престојува во еден од најексклузивните хотели во Милано

По теркот на Реал, Манчестер, Баерн и сите останати гиганти и македонскиот вицешампион ужива во луксузот кој им се нуди на гостинскиот натпревар од плејфот во Лига Европа.

Едноминутно видео кое ја покажува немоќта на Барса

Фрчат петици на сите страни, на Меси не му даваат ниту да повлече контра, Бензема им се шета со топка колку сака, одбраната кашкавал. Со еден збор, ова не е Барселона. Делува тотално индиспонирано и неорганизирано. Убедливите 5:1 во двомечот од Супер Купот на Шпанија, најдобро се отсликани во оваа куса снимка. 

Тампон зонатa нa јужна ќе биде со знаме на УЕФА

Откако вчера објавивме слика со поставена ограда на јужната трибина и напишавме дека тоа ќе биде тампон зона меѓу турски и македонски навивачи, имаше реакции дека тоа не е точно. На пресот на Вардар објаснија и знаете што ќе биде? Тампон зона.

Шкендија ја билда атмосферата во соблекувалната на Сан Сиро

Иако се работи за историски меч во плејофот од ЛЕ и гостување против најтешкиот можен противник со седум европски круни, сепак во таборот на македонскиот вицешампион владее позитивен дух со кој вечерва од 20:45 ќе се обидат да го изненадат Милан.

Три извонредни факти за Реал Мадрид

Има ли тренер кој во моментов не сака да биде Зинедин Зидан? Дојде во Реал Мадрид во јануари 2016-та без тренерско искуство во сениорска категорија и како лета времето само реди трофеи и рекорди без престан. Капа доле за овие три моменти за издвојување, а да се само тие.

Асенсио дефинитивно не знае за обичен гол

Најдобриот млад шпански фудбалер не сме го виделе да даде нормален гол. Ова што го прави со бомбиве од 30-35 метри не е реално. Синоќа во само неколку дена по втор пат на Барса ѝ даде чудесија од гол.