
- 16 екипи до сега успеале да го освојат Скудетото. Тоа се: Јувентус, Милан, Интер, Џенова, Болоња, Про Верчели, Торино, Рома, Фиорентина, Лацио, Наполи, Каљари, Казале, Новезе, Сампдорија и Верона.
- Најефикасниот дуел го имаат одиграно екипите на Милан и Аталанта. Средбата е одиграна во сезоната 1972/1973 со резултат 9:3.
- Рекордер по број на натпревари без пораз на домашен терен е Торино кој меѓу 1943-та и 1949-та не загубил на 88 меча пред своја публика.
- Зошто мечот меѓу Лацио и Фоџа одигран во август 1993-та важи за историски? Бидејќи тоа е првиот меч од Серија А пренесен во живот на Телепју.
- Знаете ли по што е познат Фабрицио Камарата? Му даде два гола на Ван Дер Сар за конечни Верона - Јувентус 2:0, еден од клучните порази на Јуве кога во сезоната 1999/2000 го загуби Скудетото од Лацио.
- По што се прослави Себастијан Рамберт во Италија? По тоа што беше едно од најголемите промашувања во Интер.
- Најголем број на пенали досудени во цела историја на Серија А, меѓутоа во еден дел од сезоната има добиено Јувентус, а тоа се вкупно 506.
- Рекордер по број на добиени црвени картони е Паоло Монтеро со 16.
- Најдобар стрелец во историјата на Серија А е Силвио Пиола со 274 погодоци.
- Тим со најмногу испаѓања во втора лига е Бреша (12 пати).