
Фудбалерите на Шкендија пристигнаа во Италија во вторникот со чартер лет, а со клупскиот автобус беа пренесени во хотелот Мелиа.
Се работи за хотел познат по тоа што нуди највисок степен на ексклузивност и секој агол во него е внимателно дизајниран за гостите да имаат посебно уживање.
Мелиа се наоѓа на само 10 минути пеш од стадионот Сан Сиро во една од најдинамичните и набрзо растечки области во Милан, помеѓу ултра модерниот конгресен центар Мицо и градскиот живот.
Тој е еден од најдобрите три хотели за одржување средби и настани во Милано со 18 соби за состаноци кои можат да примат 520 луѓе.
Дизајниран е од светски познатите архитекти Араталсозаки и Даниел Либескинданд ЗахаХадид. Има Спа и Велнес центар, сала за вежбање која работи 24 часа, коктел барови со богата интернационална кујна и ред други услуги типични за вакви луксузни хотели.
Во истиот хотел лани спиеа фудбалерите на Атлетико Мадрид за финалето во Лига на шампиони.