Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
Марсеј, со супер напаѓачкото трио Бафетимби Гомис, Димитри Паје и Флоран Тувен обезбедува место во Европа и амбициите во „најголемиот француски клуб“ стануваат сè повисоки. Такви ги поставува новиот газда од САД.
Тешко дека некој од нив ќе ја освои Златната копачка, но затоа привлекоа внимание, си набија цена, претставуваат страв и трепет, а сигурно ќе добијат и солидни бонуси за сработеното вака за пред летен одмор.
Фудбалерите на Трапани се на 18-та позиција во Серија Б, место кое води во плејаут, а доколку викендов славеа против Фрозиноне ќе излезеа од таа опасна зона. Кога губеа 1:0 на голманот Мирко Пиљачели му дојде преку глава. Штета што не му успеа замислата, блиску беше.
Целата сезона лани Ајакс беше прв во Ередивизија, за во последното коло да влезе со исто бодови како ПСВ. На крајот ремизираа дома со Де Графшап а ПСВ го победи Цволе на гости и на неверојатен начин стана шампион. Сега Ајакс го брка Феенорд пред последното коло.
Многу славни фудбалски имиња не успеаа да го совладаат Еуџенио Ламана, кој викендов откри како му ја фатил на Кандрева, момент кој го уловија и камерите.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.
На мечот Естудиантес - Бока Јуниорс, домашниот тренер Нелсон Вивас збесна гневен на тоа што судијата не свирна пенал по контактот на голманот Агустин Роси со напаѓачот Каваљаро. Искина и кошула и копчиња, фрли и чевли и маица.
Епилогот после голот на Пандев против Интер е за руски роман: Горан беше еден од хероите на триплетата во 2010-та, а синоќа ја продолжи серијата на Интер од пет порази на шест меча. На крајот му се заблагодари на поранешниот клуб и навивачи.
На најавата на играчите пред мечот Милан - Рома, кога спикерот стигна до бројот 10 на гостите, цел стадион стана и со долг аплауз ја поздрави легендата која сезонава завршува со фудбалот. Спалети не го стави во игра и продолжи да тера инает.
Јованка Радичевиќ веднаш по завршувањето на финалето против Ѓер изјави: Да игравме два дена судиите немаше да дозволат да победиме. Покрај судиите доста полемики предизвика и овој тајм аут во финишот кој според правилата се свикува кога тренерот сам ќе го спушти картонот на записничката маса.
Во словенечкото првенство, Рудар од Велење со 4-2 ја декласираше Олимпија Љубљана, а третиот гол на мечот кој го даде младиот Марко Ихарош веројатно ќе биде прогласен за гол на сезоната во Словенија.
Наполи викендов имаше тренинг против Каљари кој го доби со 3:0, а на моменти лесните шева тренинзи им се одвиваа на своја половина кога му правеа на противникот „Где је лопта“?
Македонската ракометна репрезентација не успеа да собере целосен плен од двомечот со Исланд во квалификацискиот циклус за ЕП 2018. Борко Ристоски повторно бранеше фантастично, но одбраната овој пат потфрли и прими 30 погодоци.
Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).
По голот на Пандев со кој и донесе 3 бода на Џенова, нов погодок стигна од уште еден македонскиот репрезентативец во странство кој е ударна навала во нашиот национален тим. Актуелниот првак на Швајцарија, Базел имаше 0:2 на гостувањето против Лугано, но Алиоски од пенал во 60-та и неговиот колега Садику во 80-та се изборија за голем бод. Гол број 16 за нашиот фудбалер кој е во страшна голгетерска форма со само два гола зад лидерот на табелата.
Капитенот на македонската репрезентација докажа дека игра во одлична форма особено пред квалификацискиот дуел со Шпанија во јуни. Струмичанецот попладнево влезе во игра во 17’ минута место повредениот Симеоне, а во 70’ минута убаво начека една топка и од прва го матираше Словенецот Хандановиќ за трет гол сезонава.
На 4. октомври 2015 година Јувентус дома ја совлада Болоња со 3-1 и од тогаш до денес, на својот стадион славеше на 33 меча. 880 дена Бјанконерите газеа на „Јувентус Арена“ а вечерва спасуваа бод во 92’ минута преку Игуаин.
Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.
Во четвртата година по ред на Фајнал Фор, ракометарките на Вардар првпат се пласираа во завршниот меч за титулата шампион на Европа, откако вечерва го прегазија актуелниот европски првак Букурешт 38-33 (21-13).
38-годишната руска голманка Ина Суслина вечерва во полуфиналето на Фајнал Форот против Букурешт бранеше како својот колега од машкиот клуб на Вардар и фати дури три седмерци во едно полувреме.
Иако на прва грозната слика до самиот колосеум изгледаше дека е изум на навивачите на Рома како еден вид закана кон своите играчи кои доживееа двоен дебакл во градското дерби, сепак тие не се сторителите.
Со тотален ракомет, Вардарки го толчат романскиот шампион и актуелен европски првак Букурешт, чиј тренер Пер Јохансон во еден момент од вториот дел бесно ги праша своите избранички: „Ако не ви се игра, да викнам автобус да си одиме дома“?