Градот Монпелие, престолнина на државата Вермонт му кажа ’Merci’ на францускиот истоименик откако главниот фудбалски клуб од овој град објави дека ќе им прати цела гарнитура дресови и опрема кои сега без едно ’Л’ ќе одговараат на името на американскиот град.
Били Фрејзер, градски менаџер во градчето Монпелие во САД потврдил дека некогашниот француски шампион нарачал дресови кои им ги утнале со едно наместо со две букви Л.
Од таа причина градот од јужна Франција одлучил да прати дресови во Монпелие. Тоа го потврдиле на Твитер каде напишаа и дека добиле одобрение од градоначалникот на Монптеље, Филип Саурел. Американците уште не знаат колку точно дресови и друга опрема ќе добијат.
Фрејзер вели дека планот е дресовите да одат кај Montpelier High School за еден-два натпревари а потоа да бидат продавани со цел да се соберат средства за хуманитарна помош и приказната да има среќен крај.
Le maillot du #MHSC 2017/18 va devenir un collector avec cette faute #Montpellier pic.twitter.com/OQ3yczAva4
— eldogoargentino 🇦🇷 (@Gravelgrinder4) September 8, 2017
Французите го контактирале градот Монпелие во четвртокот за да им соопштат за поклоните а од двата града имаше многу позитивни коментари за акцијата.
Le Président #Nicollin et le maire de MontpeLLier @saurel2014 l'ont annoncé : Les maillots MontpeLier vont être envoyés à @vtmontpelier 🇺🇸
— MHSC (@MontpellierHSC) September 12, 2017
„Носете ги гордо овие дресови, роднини од Новиот Свет“, напишал извесен Ентони Фернан д’Ајзе.
Интерес за убавите дресови пројавил и Мет Линк од средното фискултурно училиште кој рекол дека ќе се обидат да задржат дел од дресовите за машкиот и женски фудбалски тим на школото.