Македонија ја немаше на Светско. Пречка во бараж полуфиналето беше Данска. Но, Македонија сепак имаше свој претставник таму. Тоа е Мијалче Дургутов. 10 од 10 има.
Актуелниот шампион на Македонија за нијанса го поправи впечатокот во играта од првиот дуел во Скопје, но не успеа да стигне до бодови ниту во петтиот обид од групната фаза во Лига Европа. Зенит - Вардар конечни 2:1. Прекрасен волеј на Блажевски во 93-та минута.
Комити се формирани на 4 јуни 1987-ма, а на 4 јуни 2017-та РК Вардар се вивна највисоко на европското небо. Сезонава за нив е историска од многу причини. РК Вардар стана европски првак, ФК Вардар влезе во групи во ЛЕ. Додека нивниот клуб прославува 70 години постоење, тие имаат јубилеј од 30 години.
Десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија буквално 20-ина секунди глумеше дека изведува аут и тоа во судиското продолжение при водство од 0:6 на неговиот тим. Поради овој жолт картон, Карвахал има три по ред и ќе го пропушти последниот дуел со Дортмунд во Мадрид. Свесно и намерно или не одлучете сами.
Фудбалерите на македонскиот првак вечерва од 19 ќе се обидат да го освојат првиот бод во Лига Европа и тоа на тешкиот фронт против Зенит Санкт Петербург. Дуелот во земјава ќе го пренесува МРТ на првиот канал, а во Русија МачТВ и тоа со различни термини во зависност од временската зона во Русија.
На 23. ноември 2002-ра се случи нешто невидено до тогаш во светот на фудбалот: не беше првпат Португалецот Фиго да се врати во Барселона во дрес на Реал Мадрид, но првпат го гаѓаа со свинска глава и што уште не.
Составот на Роберто Манчини со кој Вардарци минаа лошо на првиот дуел во Скопје е сигурен патник во нокаут фаза од Лига Европа. Македонскиот претставник има 0 бодови и не претставува некоја опасност за рускиот гигант, но домашните навивачи направија огромни редици за билети. Без разлика што Вардар не е Реал Мадрид, Зенит нема проблем со верност како нас.
Челси убедливо го тресна Карабах на гости со 0:4, победа со која си осигураа место во топ 16 од ЛШ. Потоа ги чекаше нови 6 часа лет за назад. За побрзо да им помине времето се погрижи Антонио Рудигер.
За шведскиот фудбалски ас кој го повреди коленото на четвртфиналниот меч од ЛЕ против Андерлехт во месец април, имаше стравови дека може да му заврши кариерата. Н тој се врати, синоќа за прв пат го облече дресот на Јунајтед во ЛШ и влезе во книгата на рекорди.
Повремениот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски постигна ефектен погодок во триумфот на Њукасл Џетс против неговиот поранешен клуб Мелбурн Виктори од 4-1. Њукасл е прв на табелата со 17 бода после 8 одиграни кола.
До стартот на Европското првенство во Хрватска има уште малку, а нашата јавност како по обичај за карти ќе пројави интерес во самиот финиш, иако тогаш карти може и да нема. Агенциите тријат раце.
И покрај тоа што најавија бојкот на гостинскиот меч од ЛШ против Андерлехт, сепак во Белгија се појавија навивачи на Баерн Минхен и им оставија пари и порака на домаќините.
Барселона немаше потреба да дава многу гас на Алијанц арена, бидејќи на овој дуел влезе математички како осминафиналист. Затоа Серхио Бускетс си дозволи еден луксуз на своја половина ала Зи Зу.
ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.
Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/
На Борусија Дортмунд по првите 5 кола во Бундеслигата никој не можеше да и даде гол, а сега ја ташла кој стигне и никако не може да добие натпревар. Последен пат славеле победа на 30 септември против Аугзбург.
На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Во земја каде односот клуб-навивачи е фино испеглан, а цените за билети се така достапни за секој, што стадионите им се скроз полни, не проаѓаат понуди како оние на Андерлехт, па макар добиле и помош од клубот.
Вечерашното дерби од ЛШ веќе стана интересно за следење уште пред да почне. Во толку големи екипи, има место само за величини од кои цела фудбалска јавност и старо и младо треба да учи што значи респектирање на противникот.
Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.