Како се бркаа(т) Јуве и Наполи на табела

Главниот конкурент во борбата за титулата на Јуве изминативе неколку сезони му е Наполи кој никако да го направи тој исчекор за да го зграпчи толку посакуваното Скудето уште од времето на Марадона. Како да подзагубија чекор и овој пат.

Првите 6 кола Јуве и Наполи играа победа за победа, а највисоката предност на Наполитанците изнесуваше +5 во 8. коло. Тогаш Јуве ремизираше на гости со Аталанта и загуби дома од Лацио.
 
Колку овие екипи се јаки, цврсти и одлучни да одат до крај, доказ беше периодот од 15-то до 25-то коло кога разликата меѓу нив не се мрдаше 11 меча по ред.
 
Но по 27 водства или цели седум месеци предност на табела, Наполи за прв пат падна (Пораз од Рома и реми со Интер) и му ја препушти лидерската позиција на Јуве, кој ако победи на заостанатиот меч против Аталанта оваа среда, ќе избега на +4.
 
Колку е тесно и неизвесно во борбата за Скудетото во Италија, покажува овој графикон.

До крајот на сезоната остануваат уште 9 кола. Киксне ли Наполи во меѓусебниот дуел на 22 април, Скудето број 7 во низа за Старата Дама.

13 март 2018 - 16:11