Имобиле го постигна популарниот шкорпион гол од околу 17-18 метри на асистенција на Фелипе Андерсон со што го лобуваше и шокираше голманот на Каљари за конечни 2:2.
Со оваа извонредна петица, напаѓачот на Лацио стигна до гол број 24 во Серија А и се израмни со Меси, Кејн, Салах и Кавани кои се водечки стрелци во најквалитните лиги во светот. Левандовски има 23.
Од овој агол поубаво се гледа
Gol fantastico di tacco di #Immobile! Pareggio della #Lazio! #CagliariLazio 2-2 pic.twitter.com/TTn2lU4dVS
— Alessia N⚽️velli (@Alessia_Nov) March 11, 2018
Популарниот Чиро ги врати навивачите на Лацио на нивните најубави времиња кога Синиша Михајловиќ од корнер го пронајде Роберто Манчини на дуелот со Парма.
Инаку токму најдобриот гол за 2017-та според ФИФА беше со шкорпион удар, а го постигна Жиру против Кристал Палас.
Најлудиот шкорпион на сите времиња или ако сакате најсреќниот е дело на Сириецот Мотаз Салани во 2014-та година.