Манчестер Јунајтед го пречека Јане од Скопје

Она што се најавуваше и се очекуваше дека ќе му се случи, му го остварија. Сонот на Јане Велковски стана јаве. Се наоѓа во Манчестер во друштво на големите ѕвезди кои ќе ги гледа во ЛШ.

Херојот кој беше главен актер во кампањата на УЕФА „Equal game“ и кој е одличен пример за храброст и упорност во животот пристигна во Манчестер на покана на Пол Погба.

Тој е сместен во хотелот Лаури каде престојува Жозе Мурињо и каде обично се собира тимот во карантин пред важни натпревари.

Јане се сретна со Фелаини, Санчез, Матиќ и ред други фудбалери на Манчестер кои му подарија дрес со автограми, а денеска се очекува лично да се запознае и со својот идол Погба со кои си праќаа пораки.

Вечерашниот натпревар од Лига на шампиони меѓу Манчестер и Севиља ќе биде остварување на уште еден негов сон, бидејќи тој ќе има можност да го гледа на Олд Трафорд.
 
Покрај тоа што им ги стопли срцата на светски познатите ѕвезди Фиго, Пирез и Нуно Гомеш, Јане доби поддршка и од многу наши познати спортисти како Пандев, Антиќ, Несторовски, а беше дел и од ФК Вардар во Лига Европа.
13 март 2018 - 11:27