Јане е цар и гордост на Македонија затоа што испрати силна и моќна порака по повод Светскиот ден на детето и тоа директно од глобалниот самит на ОН во Њујорк, каде го запозна и Дејвид Бекам. А Пол Погба е цар бидејќи не го заборавил после онаа средба на Олд Трафорд.
11 годишниот Јане Велковски, како застапник за децата со попреченост од Македонија му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит на ОН во Њујорк. На годинашниот Светски ден на детето порача дека треба да се отстранат сите бариери со кои се соочуваат лицата со инвалидитет.
Малиот јунак кој боледува од спинална мускулна атрофија одново е во фокусот на УЕФА која направи ново видео како дел од проектот „Equal game“. Овој пат Јане Велковски е во ист спот со тројца светски фудбалски ѕвезди од кои едниот му е идол кој успеа и да го запознае.
Долго најавуваната средба меѓу Јане Велковски од Скопје и ѕвездата на Манчестер Јунајтед конечно се оствари. Погба го пречека малиот јунак и заедно со семејството го смести во ВИП ложата на Олд Трафорд.
Она што се најавуваше и се очекуваше дека ќе му се случи, му го остварија. Сонот на Јане Велковски стана јаве. Се наоѓа во Манчестер во друштво на големите ѕвезди кои ќе ги гледа во ЛШ.
Големата фудбалска ѕвезда која направи трансфер од 100 милиони евра му го исполни ветувањето на малиот Јане од Скопје. Тој ќе биде специјален гостин на осминафиналниот меч од ЛШ меѓу Манчестер Јунајтед и Севиља. Браво за потегов на Французинот.
9 годишниот херој кој урива стереотипи и кој стана сензација дури и меѓу светски познати фудбалски ѕвезди е специјален гостин на натпреварот меѓу Вардар и Розенборг во Лига Европа.
По Фиго, Пирес и Нуно Гомеш, големиот македонски борец кој во количка игра фудбал со другарите, го привлече вниманието на уште една голема фудбалска ѕвезда, која го кани да биде специјален гостин на меч од ЛШ.
Приказната за 9 годишниот Јане Велковски од Скопје до толку е уникатна и полна со пораки, што стигна и до врвни светски фудбалски имиња кои го поздравија храброто момче преку социјалните мрежи.