Поддршка за Јане од Пандев, Фиго, Пирес и Нуно Гомеш

Приказната за 9 годишниот Јане Велковски од Скопје до толку е уникатна и полна со пораки, што стигна и до врвни светски фудбалски имиња кои го поздравија храброто момче преку социјалните мрежи.

Јане живее за и со фудбалот, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт. УЕФА во својата кампања „Equal game“ го посочи како пример за храброст и покрај неговиот хендикеп.
 
Иако е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна Атрофија, тој во секоја можна прилика игра фудбал и ужива да им дава насоки на играчите од одбраната кого да маркираат.
 
Во 2015-та година Јане беше во Париз на операција за корекција на ‘рбетниот столб. Секои шест месеци оди на третмани со надеж дека така ќе му се зголемат шансите да почне да оди еден ден.

Тој беше еден од децата - маскоти кои излегоа на терен со репрезентативците на Македонија на квалификацискиот меч со Шпанија во јуни годинава, а потоа присуствуваше и на Супер Купот меѓу Реал и Манчестер.
„Понекогаш, кога играм фудбал, заборавам дека сум во мојата електрична количка. Се замислувам себеси како постигнувам голови како Роналдо и некогаш речиси заборавам дека не можам да одам“, вели Јане.
Сторијата на УЕФА за Јане ги допре срцата на многу познати фудбалери почнувајќи од нашиот Пандев, кој го држеше за рака кога се појави на мечот со Шпанија.
 

#EqualGame#Respect

A post shared by 27-07-1983 (@gorangochepandev) on

UEFA Equal Game - Јане Велковски from Football Federation of Macedonia on Vimeo.