Сонот на Јане се оствари, се запозна со Пол Погба

Долго најавуваната средба меѓу Јане Велковски од Скопје и ѕвездата на Манчестер Јунајтед конечно се оствари. Погба го пречека малиот јунак и заедно со семејството го смести во ВИП ложата на Олд Трафорд.

Јане имаше привилегија да биде сместен во хотелот Лаури, каде обично Манчестер Јунајтед се повлекува во карантин пред важни средби и таму се сликаше со дел од тимот на Мурињо.
 
Но синоќа неговиот сон се комплетираше откако го сретна и со својот идол со кој до вчера се поздравуваа преку социјалните мрежи.
 
Манчестер Јунајтед и Пол Погба се покажаа како одлични домаќини и го сместија Јане, неговите родители и брат му во ложа и тоа во друштво со семејството на Французинот.
 
Јане и брат му Огнен биле пресреќни од целото тоа искуство, добиле подароци и имале можност да се возат во автомобилот на еден од најскапите фудбалерите во историјата.
 
Тие денеска ќе имаат и прошетка на стадионот на Јунајтед и ќе можат од близу да се запознаат со историјата на славниот клуб.
14 март 2018 - 10:00