Јане Велковски кој е дел од кампањата на УЕФА „Equal game“ и кој на светот му покажа дека може да се игра фудбал и во количка, вечерва е на Филип Втори како гостин на Вардар.
Црвено црните направија маестрален потег и го земаа на заедничката фотографија која стандардно се прави пред секој фудбал натпревар, а потоа му подарија топка со потписи.
Респект кој Јане покажаа и сите фудбалери на Розенборг кои додека се поздравуваа со Вардарци, се ракуваа и со него.
9 годишниот Јане има Спинална Мускулна Атрофија, а Европската куќа на фудбалот го посочи како пример за храброст и сними видео со него кое за кусо време го заобиколи светот.
Тој ги стопли срцата на Фиго и уште неколку славни играчи, а Погба го покани на Олд Трафорд на меч од Лига на шампиони.