Offside

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Реприза на финалето од лани, Јувентус оди на Реал Мадрид

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига на шампиони. На толку силни екипи, се знаеше дека ќе има некое финале пред финалето.

Инѕаги со ново урнебесно клизање

На првото видео што го објавивме тренерот на Лацио од многу радување беше готов да се струполи на земја и некако до некаде се задржа, ама затоа овој пат го направи падот на годината...

Англичанец кога ќе преработи мелодија тоа ти е

Навивачите на Милан веќе неколку кола по ред паѓаат во еуфорија на една нивна песна. На рефренот од таа песна наместо АЦ (Италијанците го викаат Ачи) Милан, синоќа навивачите на Арсенал пееја Оспина. Фино звучеше.

Провокацијата поради која веројатно паднал ќотекот пред Камп Ноу

Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.

Во Билбао и Лион повторно хулигански нереди

Навивачите на Марсеј кои допатуваа во Баскија на реванш мечот од Лига Европа против Билбао, направија сериозни инциденти надвор и на стадионот во чија близина пред две недели почина специјалец на шпанската полиција.

Перо прати двајца играчи по бурек

Црвена Звезда го уништи шампионот на Шпанија, Валенсија со 106:90 и со тоа стигна до клупски рекорд на поени во Евролигата. Перо Антиќ учествуваше само со три поени на мечот кои вредат за шест. Им направи јак лажњак на Шпанците и ја запали арената во Белград.

Иронијата на Миланистите за смешниот пенал на Арсенал

Арсенал го елиминираше Милан во осминафиналето од Лига Европа откако синоќа славеше на вториот дуел со 3:1. Милан поведе и бркаше барем уште еден гол за 0:2, што ќе значеше продолженија, но потоа на сцена стапија судиите.

Мангупски слободен удар

Треба стварно да те бива, да ти легне и да го потренираш ова за вака да ти излезе. Бидејќи може да се случи и да ја бараат топката во пченките.

Пекабеско во второто полувреме до победа над Бетон

Екипите на Џонсон Мети, Рамстор и Пекабеско славеа во претпоследниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Шлаканица за Лион, Милан и Борусија во ЛЕ

ЦСКА Москва го направи најголемото изненадување на осминафиналните мечеви од Лига Европа откако со победа од 2:3 на гости го совлада Лион. Во дербито на вечерта Милан го загуби и реваншот од Арсенал, а Борусија не успеа да му возврати на Салцбург.

Поклон пенал за Арсенал

Фудбалерите на Милан го загубија и вториот осминафинален натпревар во ЛЕ од Арсенал, а дамка на натпреварот фрли судијата кој досуди непостоечки пенал само 4 минути откако Италијанците поведоа на Емирати. Топџиите потоа направија пресврт и славеа 3:1.

Симоне Инѕаги вака паѓаше и како играч

Некогашниот напаѓач на Лацио кој многу подобро се снаоѓа како нивни тренер, блескаше од радост кога Лацио поведе 0:2 во Киев и го завери пласманот во топ 8 од ЛЕ. Ама изгледа кондурите му клизаат како копачките.

Спортинг по 120 минути стигна до четвртфинале

Стефан Ристовски од клупа ја следеше драмата во Чешка која можеше да ја решат во 90-та минута ако Бас Дост не промашеше пенал. Лацио се извади за ремито во Рим, а во следна фаза патуваат и Атлетико Мадрид, Марсеј и Лајпциг.

Италија спремај се за Светско, Англија е можно да не игра

Како тргна да се обвива тензијата меѓу Русија и Велика Британија, ништо чудно да се повтори ЕП 1992. Англија во случајов да биде Југославија, а на Италијанците да им се посреќи како на Данска.

Решен спорот меѓу комшијата на стадионот на Челси и Абрамович

По неколку перипетии, фудбалскиот клуб Челси конечно ќе може да почне со изградбата на новиот стадион кој ќе изнесува 1 милијарда фунти. Што бил проблемот со комшијата кој живее до стадионот?

Бешикташ сними реклама од хаштаг - ја гледале 9 милиони луѓе

Турските навивачи важат за едни од најфанатичните на свет. Не се случило нов играч или тренер да дојде во нивен клуб а да не го пречекаат еуфорично уште на аеродром. На Диего Коста му оставиле милион коментари на Фејсбук.

Чудните коинциденции на најголемото турското дерби

Фенербахче и Галатасарај се среќаваат оваа сабота во меч кој многу, ама по многу нешта наликува на една нивна средба од 2012-та година. Како е можно толку да се поклопат фактите?

Македонија е 75-та фудбалска земја во светот

Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновата ранг листа на ФИФА.

Да си ја сакаш работата како бокерскиов судија

Стиви Вилис е познат боксерски арбитар од Њујорк. Правдата ја делел на повеќе од 200 меча во професионален бокс а публиката него најмногу го сака. Исто како тој својата работа.

Сите 100 голови на Меси во ЛШ

Првиот му го даде на Панатинаикос и на рекордни 123 средби стигна до јубилејна 100-ка. Антонио Конте по синоќешната елиминација на Челси од ЛШ изјави: „Играчи на нивото на Меси се раѓаат еднаш на 50 години“.

„Господ да го чува кралот“

Навивачите на Барселона не можеа да извадат појака парола посветена на осмиот човек во историјата на фудбалот кој стигна до 600 голови во кариерата за клуп и репрезентација.

Мората со непристоен гест до навивачите на Барса

Во 67. минута од мечот Барселона - Челси на теренот од клупа влезе Алваро Мората. Шпанецот е дете на Реал Мадрид па „Ноу Камп“ го исвиркуваше со сета сила. Ни центарфорот не им остана должен, ама сега ризикува суспензија.

Полициска бруталност пред Камп Ноу, навивачите на Челси се бесни

Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.

Турчето пее и кога губи 7:1, мука нема

Бешикташ беше аутсајдер на осминафиналниот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, а тоа се виде уште на првата средба на која пукна петарда. И при негатива од 2:1 на реваншот, Водафоун Парк во Истанбул грмеше типично на турски начин. Слушајте во позадина.