На кого хрватскиот голман ја посвети победата?

Со три одбранети пенали во серијата против Данска, Даниел Субашииќ беше најзаслужен што Хрватска се пласираше во четвртфиналето. По крајот од мечот го соблече дресот под кој носеше маица со слика на Хрвое Чустиќ, некогашен фудбалер на Задар кој на 29 март 2008 година трагично настрадал откако на фудбалски меч удрил со глава во бетонската ограда меѓу теренот и трибините. Имал 25 години.