СП Русија

Бразилска самба за четвртфинале

По невообичаено високи температури во руска Самара, Бразил на крилјата на Нејмар и Роберто Фирмино го совлада Мексико и ќе го чека победникот од мечот Јапонија - Белгија.

Четвртфинале, резултати:

БРАЗИЛ - МЕКСИКО 2:0 (0:0)
/Нејмар 51’, Фирмино 89’/

Најголемиот фаворит за освојување на златниот пехар наменет за светски шампион, не дозволи да му се случи рано испаѓање како на Шпанија, Германија и Аргентина.

Со одлична игра и во одбраната и во нападот, „Кариоките“ ги совладаа немоќните Мексиканци кои на крајот имаа повеќе посед на топка но и повеќе јалови напади.

Во првиот дел Бразилците напаѓаа но никако не можеа да го совладаат Гиљермо Очоа кој бранеше одлично па на паузата се отиде со 0-0. После шест минути игра во вториот дел Нејмар по фантастичен продор и асистенција на Вилијан се испружи и ја внесе топката во празниот гол:

И покрај водството Бразил продолжи со нападите преку Кутињо, Нејмар и Вилијан, но печат на триумфот удри резервистот Фирмино за 2-0:

Бразилците сега во четвртфинале го чекаат подобриот од дуелот Јапонија - Белгија кој се игра вечерва од 20 часот.