Ваков епски пресврт на Светско немало 48 години

Селекциите на Белгија и Јапонија ја приредија најголемата драма до сега на Мундијалот. Иако важеше за изразит фаворит Белгија до 69-та минута губеше 0:2 и кога само секунди фалеа да гледаме пенали, членот на ВБА Шадли Насер даде гол од контра за 3:2. Ќе гледаме спектакуларно четвртфинале меѓу Белгија и Бразил.

БЕЛГИЈА - ЈАПОНИЈА 3:2

0:1 Харагучи (48 минута)

0:2 Инуи (52 минута)

1:2 Вертонген (69 минута)

2:2 Фелаини (74 минута)

3:2 Чадли (94 минута)

2 јули 2018 - 22:22