Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Најјако забивање на вечерта во НБА - Грк преку Грк

Јанис „Greek-freak“ Адетокумбо продолжува да ги понижува противниците во НБА. Кошаркарот на Милвоки Бакс е можеби најголем претендент за наградата МВП сезонава и тоа веќе после 9 меча.

Пасот на Кансело за сите пари

Јувентус плати летово 40 милиони евра за бек, а кога сериозно раководство како нивното ќе даде толку пари за играч од одбрана тогаш стварно има нешто кај детево. Имаме среќа што можеме ова чудесно додавање да го видиме од најдобриот агол и тоа во забавена снимка.

Што имаат заедничко 5 ноември, Дел Пјеро и Бернабеу?

И точно 10 години подоцна, сигурно дека нема навивач на Јуве кој не ужива, не се гордее и не се ежи на ова видео. Ваквите фудбалски сцени се ретки за гледање.

Влета на терен к’о од мајка родена и прекина натпревар

Во холандското фудбалско подземје, на мечот меѓу Рингсбургс Бојс и Амстердам (2:6) една навивачка на домашниот тим упаднала на терен и на кратко, а и на задоволство на гледачите, го прекинала мечот

Германската фудбалска култура е чудо

Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.

14-годишно дете постигна гол на Класико во Парагвај

Еден од најголемите дерби дуели во парагвајскиот фудбал донесе сензационална вест: 14-годишно дете влезе во историјата на јужно-американскиот и светскиот фудбал.

Ѓердан Шаќири поради безбедност не патува со Ливерпул во Белград

Сагата меѓу навивачите од Србија и швајцарскиот фудбалски репрезентативец роден на Косово, продолжува. Односно медиумите неуморно ја продолжуваат.

Ова Премиер лига е или мал фудбал?

Тие што не го разбираат и не го сакаат фудбалот обично велат: 22-ца будали трчаат по една топка. Така од прилика може да се опише оваа чудна акција во која се ушепртљаа бајаги луѓе во шеснаесетник. Ај овие од Сити ќе ги разбереме, бараат некоја дупка во бункерот за да ја шутнат, ама гостиве како шахисти делуваат. Оди земи му ја, што го гледаш?

Тивка вода Јаго Аспас - дискретниот херој кој го одби Реал за да остане на Океанот

Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.

Волеј на колото, ама со петица

Најатрактивниот гол за овој викенд според нашиот вкус е оваа фраерска петица во втората норвешка лига. Златан не смее да и најде маана.

Импресивно тифо во шведскиот фудбал

И ние имаме стадион со капацитет од 33.000 и Швеѓаните имаат, ама разликите во културата, организацијата и општо посетеноста, не се мерат колку и да мислиме дека Скандинавците немаат којзнае каква фудбалска традиција. Погледнете како прволигашот Хамарбу си ја испрати во пензија својата легенда Кенеди Бакирчоглу. 

Освежениот Металург до прва победа во Лига на шампиони

Без својата ведета Халил Јагањац кој направи голем и заслужено заработен трансфер, ракометарите на Металург во 6. коло од ЛШ, со три нови лица, ја остварија првата победа - во Скопје совладан Чеховски Медведи со 25-24.

Убедлив триумф на Вардар во Лига на шампиони

Без Вуко Борозан во екипата, ракометарите на Вардар со 30-23 го совладаа Мешков Брест и се вратија на победничка патека во елитното натпреварување.

Кратка видео сторија од Sky за бајката на Вичај Шриваданапраба

Англискиот Sky Sport ги собрал сите емотивни моменти од историската титула на Лестер во Премиер лига, освоена во најголем дел благодарение и на убавата атмосфера која околу клубот ја направи неодамна загинатиот тајландски милијардер Вичај Шриваданапраба.

Глума на колото

Пеле, Роналдињо, Роналдо и другите бразилски легенди сигурно се срамат од тоа што го прават пар репрезентативци на оваа земја. Прво Нејмар цело Светско паѓаше како да е покосен, сега Фред од Манчестер Јунајтед го заменува.

Епска футсал измама од слободен удар

Вака ги гледаш деца, како се местат да изведат слободен удар. И ги гледаш и ги гледаш и немаш појма што уствари имаат смислено овие итри мозочиња.

Го памтите ли ова на МТВ?

Тие што биле помлади ќе се изнасмеат на фоткава, а постарите ќе се присетат на легендарниот Ристо Ничевски, првиот македонски шахист со освоен интернационален бал.

Стадион кој треба да се доживее макар еднаш во животот

Поради Г20 Самитот кој на крајот од ноември ќе се одржува во Буенос Аирес, уште не се прецизирани датумите на одигрување на двата меча од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс - прво епско финале меѓу нив во ова натпреварување. За навивачите на двата тима е многу верглано, ама толку се добри што човек не може да се засити од нивните настапи.

Гардероберот на Манчестер Јунајтед кој поминал и добро и лошо со клубот

Легендарниот Алберт Морган станал гардеробер (кабинер) во Јунајтед во 1996 година - тогаш Бекам стана суперѕвезда, Фергусон го купи Солскер, а Норман Дејвис, првиот гардеробер задолжен за дресови во историјата на Манчестер, заминал во пензија.

Перфектната партија која го убеди Лестер да го купи Канте

Најпосакуваниот фудбалер од среден ред кој игра фудбал од љубов, а не за Инстаграм има напредок во кариерата кој секој негов колега би го посакал. Неговите успеси не се заслужни, туку најзаслужни, а отскочна даска му е француското првенство и едно незаборавно издание против Марсеј.

Фудбалер на Баерн ја утнал маската за Халоувин, па му се сипаа Арапи

Додека голем дел од фудбалерите вечерта на Халоувин облекуваат маски да изгледаат што е можно пострашно, Бразилецот од Баерн Минхен се решил за арапска наметка и марама но и еден детал кој ги погодил луѓето од тој дел на светот кој се облекуваат така.

Клубот кој игра со деца од својата школа и никогаш не испаднал од лига

Малото градче Лезама се наоѓа на 10 километри надвор од Билбао и е дом на 2.400 жители, но и на еден од најинтересните фудбалски клубови на светот: Атлетик Билбао - гордоста на автономната покраина Баскија.

Кавани и детето кое може да удира само со глава

Што ли да се каже за ова видео? На Твитер, ѕвездата на ПСЖ вели вака: На 31 октомври 2018-та го доживеав едно од најосетливите и неверојатни искуства во животот. Силата на волјата.

Спиеш ли мирно Манчестер Сити?

Сити стана глобално семејство кое се протега во Манчестер, Њујорк, Мелбурн и Јокохама. Има еден перуански клуб кој не е дел од нив, ама пустиот гори од желба да биде.