Јутјуберот кој го елиминира Федерер и стигна до полуфинале на Австралија Опен

Како мал во школо бил многу повлечен поради што другите деца го сметале за чуден и го задевале. Тоа многу му сметало, а десетина години подоцна тој важи за најдобриот млад тенисер на светот кој пожртвувано собираше средства за помош на настраданите од големите пожари во Грција минатото лето.

Стефанос Циципас во 2018-та година стана најдобриот млад тенисер на светот. Во пролетта лани уште како тинејџер го играше првото ATP финале, а во првите денови како 20-годишен дебитираше и во едно Мастерс финале (на тој пат победи четворица противници од топ 10).

Во октомври во Стокхолм ја освои и првата голема титула, а во ноември во Милано победи на познатиот турнир за играчи до 21 година.

Новата сезона ја почна уште посилно: во Мелбурн го растури својот идол Роџер Федерер, а класата ја потврди и со победа над незгодниот Баутист-Агут. За 22 дена во 2019-та веќе исполни една голема цел - влезе во полуфинале на Гренд Слем.

****

Иако младите играчи често на публиката и изгледаат безсодржински, тој има интересна биографија и прави многу нешта надвор од теренот.

Стефанос Циципас е син на грчки татко и руска мајка. Внук е на многу познат стар руски фудбалер.

На 20 години Циципас стана најдобриот тенисер во историјата на Грција. Тој го привлекува вниманието со бестрашен тенис, напаѓа против сериозни ривали и за 12 месеци победи 9 ривали од Топ10 на светот.

****

Кај него преовладува бурниот грчки темперамент па неколку пати прави екцеси на теренот.

„За мене е многу важно што поседувам две култури: грчка и руска. Формиран сум под влијание на обете и тоа ми даде можност поинаку да гледам на работите“, рекол Циципас.

Неговиот личен поглед на нештата во буквална смисла е претставен на филозофскиот Инстаграм профил и на Јутјуб каналот каде на своите следбеници им ги споделува своите патешествија.

По пласманот во големото полуфинале на Australian Open тој на својот блог го објавил интервјуто со Џим Курије на централниот терен и за два часа добил два пати повеќе следбеници и мошне ретка пофалба од Марија Шарапова.

Ципас е пасиониран фотограф. Со себе го носи апаратот како тениски рекет. Неговиот начин на изразување потсеќа на познатите инфлуенсери. Има содржински видеа а не празни глупости како голем дел од спортистите кои се глупираат по социјалните мрежи.

„Не знам кој го направил Јутјуб, ама секоја чест“, рекол еднаш Гркот со руско потекло кој го совлада големиот Федерер.

Каде и да оди снима видеа и на своите следбеници им раскажува за местата. „Сакам да им покажам на луѓето, што значи тоа да се биде тенисер, како тоа функционира, како е на патувањата. Ми дојде само од себе и ме прави среќен. Да се минува многу време надвор од дома не е лесно, па секој играч прави нешто што го прави среќен и го мотивира. Тенисот и патувањата се неотуѓив дел од нашиот живот“, вели Циципас.

Но неговата детска искреност и наивност неколку пати ќе го чинела многу. Минатата сезона раскажал една опасна историја од одморот на Крит во 2015-та:

„Со другар отидовме во сауна, па од таму во море. Влеговме во вода без да забележиме дека времето не беше баш за капење. И отидовме во длабокото уште пред да сфатиме што не снашло. Брановите беа огромни и ние тоневме. Невозможно беше да се плива. Бев во ужас и сигурен дека не можам да испливам. За среќа татко ми не виде, скокна во вода и не извади на брегот. Благодарен сум му што ми го спаси животот. Малку фалеше да се удавиме.

Тоа ми ги отвори очите. Сфатив дека во животот има и многу неубави работи. Од тогаш не се плашам од ништо. Тој настан ме направи поумен и посилен како физички така и ментално.“

20-годишниот тенисер Стефанос Циципас

Како мал бил многу повлечен па во школо другите деца не го разбирале и често го задевале. Неколку години подоцна тој стана главен постмилениумски млад тенисер во светот.

Минатата година откако собрал пари на серијата американски турнири, тој донирал средства за настраданите од страшните пожари во Грција (завршил пред финалето во Торонто со собирање средства).

Бил многу погоден од тоа што се случи во Грција и му било тешко да игра на турнирот во Милано, но мајка му, и самата поранешна тенисерка, Јулија Апостоли-Салникова му рекла дека треба да созрее зошто неговите реакции уште се детски.

Стефанос Циципас вели: „Сакам да станам број 1 на светот, а тоа му го посакувам и на секој играч во светот кој работи на тоа.“

Во петок на 25-ти Циципас ќе игра во полуфиналето на Австралија Опен против Надал.