Фудбалерот од кого Зидан научил многу и по кој го крстил најстариот син

Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.

Светот го подзаборави Енцо Франческоли, а многумина не ни знаат за него: голем дел од кариерата тој минал во Јужна Америка, а седум години во Европа играл за малиот Каљари, за Расинг од Париз и за Марсеј.

Токму Марсеј бил единствениот топ клуб во неговата кариера: таму Енцо изиграл една година, ја освоил шампионската титула и стигнал до полуфинале на Куп на шампиони.

Славата на Уругваецот брзо спаднала на локал и како таква се памети. Енцо бил апсолутна ѕвезда во Јужна Америка, но во Европа го памтат само некои генерации од Италија и Франција.

Притоа некои го нарекуваат Енцо најдобар играч во историјата на Уругвај. Пеле на пример го сместил во Топ100 играчи на ХХ век. Марадона го сметал за единствениот маж во Аргентина (Енцо кратко играл и за Ривер Плејт) кој е достоен да биде уважен како противник.

Сантијаго Солари и Луис Суарез му „украле“ некои потези а Зидан својот најстар син го нарекол по него - Енцо.

*****

Енцо Франческоли ја почнал фудбалската кариера во малиот Вондерерс а се прославил на Копа Америка 1983 кога му дал гол на Бразил за 3:0 но судијата му го поништил неправедно поради претходен фаул врз друг Уругваец:

Франческоли потоа преминал во Ривер, три пати станал најдобар стрелец во лигата и во ’84-та го прогласиле за најдобар играч на Јужна Америка. 

Во 1986-та година кога Уругваецот стигнал во Париз и брзо станал најдобриот странец во лигата (го викале „деветка со пола број“): играл како лажен напаѓач и давал по 30 гола во сезона.

По природа Франческоли бил шпиц но во ’85-та година, тренерот на Ривер Ектор Веира го повлекол Уругваецот 15 метри поназад од шпицот и тој заиграл меѓу средниот ред и нападот.

Уникатноста на Енцо била во тоа што бил универзалец. Тој играл неколку улоги: бил и режисер и главна ѕвезда на претставата. Солари, денес тренерот на Реал Мадрид вели дека Франческоли бил негов идол:

Франческоли постојано се движел и не личел на статичните плејмејкери од ’80-те. За разлика од холандскиот тотален фудбал, тој ја менувал играта и „ја убивал“ класичната 10-ка во себе. Многу од играчите од среден ред во 80-те тешко би се снашле во современиот фудбал, но Енцо идеално би се адаптирал.

„Мене ме освои техниката на Франческоли. Во него гледав играч каков што сакав јас да станам. Мене ме чудеше неговиот дриблинг. Енцо беше Бог“, рекол Зидан во една прилика.

ЗИЗУ ВО СЕ ГО ИМИТИРАЛ ФРАНЧЕСКОЛИ, ПА И ВО УДАР НА ПРОТИВНИК

Божествената техника на Франческоли го купила малиот Зинедин. Тој правел се како неговиот идол. Истите движења, истите манири и стил на игра. Секоја негова финта и неочекуван пас биле ископирани од уругвајскиот волшебник.

„Му се восхитуав, ги копирав неговите финти и гестикулации. Правев се за да станам како Енцо. Франческоли ме мотивираше. Неговата игра ме освои. Секое утро одев околу стадионот за да гледам негов тренинг“, се сеќава Зинедин.

Во 1996-та Зизу конечно се сретнал со својот идол, на Интерконтиненталниот Куп и му раскажал како ги гледал снимките од неговите натпревари. Јувентус победи во тој меч а Енцо му го подарил дресот на Зидан.

Потоа Зизу стана тоа што стана - најголем цар на светскиот фудбал. Го обожаваа во Јувентус и Реал, но дома тој често го облекувал дресот од Ривер Плејт со 9-ка на грбот.

Но за разлика од Франческоли, Французинот со алжирско потекло беше немирен на теренот: кршеше правила, се караше со судии и добиваше црвени картони. Енцо бил спокоен се до еден момент кога фрлил се во вода:

„Во финалето на Копа Америка 1987, со глава го удрив Чилеанецот Фернандо Астенго и судијата со право ме исклучи. До тој момент жестоко ме удираше, помодрев и тешко трчав. Едноставно бев претепан. Така кога го удри Антонио Алзаменди и ми се приближи, не се воздржав и го удрив. Астенго падна иако јас не го удрив толку силно.

Сакав да се убијам, тешко е да те исклучат ов финале. Кога Зидан го направи истото во финале на Светско, ми беше многу тешко“, раскажал еднаш Франческоли.

****

На крајот Енцо Франческоли не станал суперѕвезда. Два пати го одбил Јувентус кој барал наследник на Платини. По неговото заминување од париски Расинг, клубот испаднал од Лига 1.

На 32 години Франческоли се вратил во Аргентина пред крајот од кариерата: во 1995-та станал најдобар играч на континентот и ја освоил Копа Америка а после една година се радувал и на титула во Копа Либертадорес.

Сантијаго Солари, кој освои 10 трофеи со Интер и Реал Мадрид, а денес го тренира „кралскиот клуб“ рекол дека најголем момент во животот му бил кога Франческоли со Ривер ја покорил Јужна Америка.

Наместо патот на суперѕвезда, Енцо одлучил засекогаш да остане романтик.

„Сакам по крајот на кариерата за мене да зборуваат: ’Да, страшен фудбалер, но каков човек!’ Сакам Бето Алонсо да каже: ’Сум играл со Франческоли, тој беше многу добар дечко. И Пумпидо и Гаљехо да седнат со мене после 30 години. Затоа што на крајот не се работи за фудбалот - важно е да се биде добар човек“, искрено зборел Уругваецот.

Во 1995-та на Зизу му се родил син кого го нарекол во чест на својот фудбалски татко. Енцо Зидан исто стана фудбалер, долго време се бореше за место во Реал Мадрид а сега игра во шпанскиот второлигаш Рајо Махадаонда.

Енцо Зидан секогаш тврдел дека презимето му прави голем притисок па затоа игра со своето име на дресот. Како да не знае дека носи име на волшебник од кого учел дури и Зидан.