28 годишниот Аргентинец вели дека се наоѓа во авион во кој изгледа дека ќе се распадне, а на крај завршува со порака до татко му на кој му се обраќа дека е исплашен.
Во позадина се слуша бучава како навистина да е во авион, но Сала по гласот не личи дека е уплашен, туку делува смирен и искулиран и како да му се спие. Чудно.
Дејли мејл пишува дека ова е WhatsApp порака која им ја испратил на колегите и од шпански ја превевеле на англиски.
Ние ви ја преведуваме на нашки, ама секако морате да ја чуете.
„Здраво браќа, како сте лудаци? Брат, јас сум многу уморен. Бев во Нант и правев работи, работи, и работи и никогаш не престанував, не престанував, не престанував. Сега сум во авион, кој изгледа ќе се распадне и ќе одам за Кардиф. Малку е лудо што утре попладне почнувам попладне со тренинзи со мојот нов тим. Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа, сè е во ред? Ако за час и половина нема вести за мене, не знам дали ќе треба да пратат некој да ме бара. Тато, уплашен сум“