Во Мексико судија 8 минути гледал ВАР, не можел да се одлучи

На мечот меѓу Гвадалахара и Толука (1:0) во Мексико ниту ВАР системот не помогнал да се донесе 100% исправна одлука. Пред крајот од мечот Толука можела да израмни, топката се нашла на самата гол линија па судијата 8 минути гледал на ВАР (во Мексико нема систем "око соколово").

Топката е речиси со цел обим влезена во голот, но со hawk eye системот би можело да се види дали недоставуваат неколку сантиметри за да биде чист гол. На крајот по сугестија од помошниците во ВАР собата, тој досудил дека гол нема.

****

На натпреварите во Мексико работат од 9 до 12 камери за VAR, во зависност од стадионот. Но во случајов ниту една не можела да покаже дали топката со цел обим ја минала линијата.

VAR во Мексико се употребува од октомври 2018-та. Што мислите вие, дали топката ја поминала линијата?