Во српската Супер лига Бачка Паланка и Рад играа директен дуел за опстанок во лигата. При резултат 1-2 за Рад, домашниот фудбалер Никола Радовиќ постигнува гол за 2-2 и тогаш на сцена стапува балканскиот ВАР. После 45 секунди консултации линискиот судија Дејан Петровиќ крева знаменце за офсајд.