1. Слободен удар за дуелот на Де Шиљо со Диего Коста
27 минута во прво полувреме: Диего Коста му избега на Де Шиљо и јурна кон голот на Шчесни. Во еден момент десниот бек на Јуве ја пружа раката кон Коста, Тобиас Велц во прв момент досуди пенал, но VAR го принуди да ја смени одлуката.
Се испостави дека шпицот на Атлетико дури и симулирал прекршок (во тој момент веќе имаше жолт картон), па епизодата заврши само со фаул вон шеснаесетникот.
2. Пенал за Шалке
Ако случајот Коста-Де Шиљо заврши брзо, во Германија судијата Карлос дел Серо Гранде гледаше на VAR цели три минути. Моментот беше за играњето со рака на Отаменди во шеснаесетникот, по еден шут на играч на Шалке.
Во време додека судијата се консултираше со VAR, стручниот штаб на Шалке на телефон го гледаше спорниот момент:
3. Поништен гол на Мората
На мечот во Мадрид, Алваро Мората му даде гол на поранешниот клуб, но VAR го убедил главниот судија дека шпанскиот центарфор пред да даде гол со раце го оттурнал Кјелини.
И покрај поништениот гол, Атлетико до крајот даде два гола и убедливо го совлада Јуве пред реваншот.