Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Вип преку контра напади до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Во третиот ден од Бизнис лигата на Македонија Алкалоид со 15:4 го наполни голот на Искрател Груп, МЕПСО го совлада Македонски Телеком, а Макпетрол и ЕВН одиграа нерешено.

Офсајд лик: Пак Џан Пјеро Вентура

Најнеславниот селектор на Италија продолжува неславно да ита во тренерската кариера. Еден месец не издржа во Киево. Каков несреќник.

Го паметите ли Жињак? Во неделата даде четири гола во Мексико

Откако реши да замине од француското првенство пред неколку години, се очекуваше дека ќе смени клуб и ќе остане во Европа. Ама Жињак го одбра Мексико за живот и кариера и не погреши.

Комшиски реакции во Буенос Аирес за време на головите

Во некој од поголемите квартови на главниот град на Аргентина имало различни реакции за четирите гола (2:2) кои паднаа на дербито Бока - Ривер на „Ла Бомбонера“. Интересно е што мечот се играше во 14 по локално време, сред бел ден, а улиците пусти како никогаш.

Што бекче ќе беше овој Сандро

На таа силна одбрана составена од звучни имиња како Кјелини и Бонучи, како и претходно бековите Лихштајнер и Дани Алвеш, некако како да не можеше толку да се истакне Алекс Сандро. Инаку дефинитивно се работи за многу важно парче во мозаикот на Алегри. 

Памела Андерсон да ти се израдува на постигнат гол

По серија слаби резултати, Марсеј конечно победи, на домашен терен со 2-0 го совлада Дижон. Стрелец на првиот гол во 45+3’ минута беше стоперот Адил Рами кој летово се оженил за 18 години повозрасната Памела Андерсон.

Како Неготинчани им пукаа сеир на Кавадарчани за возот

Во викенд со Бока – Ривер, Милан – Јуве, Сити – Јунајтед и Борусија – Баерн, одиме да видиме што се случуваше во нашиот второлигашки фудбал, поточно во тиквешијата каде и оваа година беше забавно на трибините. Можеби нема добар фудбал, ама има јаки навивачи.

Кадар на колото

Буенос Аирес синоќа беше центар на случувањата. Играа Бока Јуниорс и Ривер Плејт во првиот меч од финалето на Копа Либертадорес.

Мурињоманијата владее и во Џенова

Кога влијателен лик како Жозе Мурињо ќе направи потег како оној по мечот со Јуве во ЛШ, кој го совлада со пресврт во драматична завршиница, не поминува тоа така. Неговиот провокаторски гест го повторија и две маскоти на Џенова пред мечот со Наполи.

Прекрасна изведба на навивачите на Милан за дербито со Јувентус

Во чест на големото дерби против големиот ривал кое заврши 0:2, тифозите на Милан организирани под групата Curva Sud пред средбата со Јуве демонстрираа врвна кореографија.

Главните видеа и фотографии од големото дерби Бока - Ривер

Откако дербито беше одложено поради пороен дожд во саботата во Буенос Аирес, синоќа Бока и Ривер одиграа спектакуларен меч со 4 гола, многу жестоки дуели и грмотевици од трибините. Реваншот е на 24 ноември и ништо не е уште решено.

Неверојатниот Диего Годин

Атлетико Мадрид на два пати губеше дома од Атлетик Билбао со 0-1 и 1-2 но на крајот капитенот Диего Годин направи луд подвиг откако повреден остана на теренот и додека кривеше, го сврте резултатот.

И сега ова за фер плеј треба да го сметаме?

Најапсурдната акција викендов се случи во израелскиот фудбал. Лакомоста за постигнување гол исплива на површина пред наводната помош за колегата и барање да се стопира играта. И што е најинтересно со овој гол во 88-ма минута беше решен мечот.

Не ќе да е ова паметна игра

Полски начин на “забава“ меѓу две навивачки групи во Полска или кој прв ќе остане без око. Со бакљи бе си се гаѓаат, ко да се авиончиња од весник.

Барселона го надигра Вардар, прв пораз во Скопје за црвено-црните

Македонскиот шампион првпат сезонава со спуштени глави го напушти паркетот на домашен терен. Барселона беше многу подобра 26-30. По оваа победа, Барселона е прва во групата со 12 бодови, следуваат Вардар, Рајн-Некар и Виве Кјелце со по 10.

Еврогол во Хрватска, ножички на фудбалер на Динамо

Центарфорот на најголемото изненадување во Лига Европа досега сезонава и актуелен хрватски шампион Динамо, Бруно Петковиќ постигна неверојатен гол против Локомотива Загреб.

Од Скопје до Рим преку Солун без спиење, само за Лацио

Таман кога помисливме дека нешто слабо патувате и ни праќање материјал од некое навивачко патешествие низ стадионите во Европа, ете ти мејл од две верни лацијалски души кои ако треба нема да спијат, само за да го гледаат Лацио, ама буквално.

Како меѓу навивачите е создаден култот за брендот Stone Island?

Stone Island е дел од фудбалската култура уште од средината на ’80-те, кога англиските фудбалски навивачи го носеле овој бренд од Италија и Франција.

Битка на која Јужна Америка чека 58 години

Во сабота од 21 по наше време ќе се бие судир на титаните во јужно-американскиот фудбал. Ова Superclásico низ историјата донело сè и сешто, но финале на Копа Либертадорес никогаш. Затоа овој двомеч ќе биде најмераклиски.

Алекс Дел Пјеро – човекот кој на таа пара и слава никогаш не летна во облаци

Тој е вечен фудбалер за пример во и надвор од терените. Човек кој не можеш да не го сакаш. Конте за него вели дека и кога дише пренесува нешто посебно, а Трапатони го смета за играч кој му припаѓа на народот. Среќен 44-ти роденден легендо.

Човекот кој го прегоре грлото за Икарди

Италијанските клубови кога ангажираат луѓе за читање на составите, гледаат да одберат мотиватори во душа способни да и го кренат адреналинот на публиката. Интер има таков и кога нивниот главен играч ќе даде гол, преку 70.000 гледачи повторуваат по него. Погледнете го со колкава страст го работи ова.

Интервјуто во ЛЕ за кое немаме објаснување

Дани да Коста е десен бек на Ајнтрахт Франкфурт и најверојатно фудбалер со неостварена желба да биде новинар. На друг начин не знаеме да си го објасниме овој феномен, некој играч да сака сам да си поставува прашањата и сам да си ги одговара. 5-6 пати го изгледавме, се чудевме, се смеевме, а успеавме и да се снајдеме со превод од германски кој се надеваме дека ни е точен.

Татко на колото

Дилемата е дали да добие жолт или црвен картон за ваквиот развој на настаните.