Оле Гунар Солскјер има тренерско деби на Олд Трафорд од соништата. Врза 8 од 8, од кои шест победи му се во Премиер лигата, а две во ФА Купот.
Ги исплеска: Кардиф 1:5, Хадерсфилд 3:1, Бурнемут 4:1, Њукасл 0:2, Ридинг 2:0, Тотенхем 0:1, Брајтон 2:1 и Арсенал 1:3.
Со исклучок на двете гостувања во Лондон, на другите натпревари може слободно да кажеме дека беше фаворит.
Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Барнли, а потоа има две гостувања, прво против Лестер, а потоа против Фулам. Потоа следува “пеколот“, односно месец дена кои ќе покажат колку е моќен играчки.
Внимавајте добро со какви противници треба да се соочи:
12 февруари: Манчестер Јунајтед – ПСЖ (ЛШ)
16 февруари: Челси – Манчестер Јунајтед (ФА Куп)
24 февруари: Манчестер Јунајтед – Ливерпул (Премиер лига)
6 март: ПСЖ – Манчестер Јунајтед (ЛШ)
10 март: Арсенал – Манчестер Јунајтед (Премиер лига)
16 март: Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити (Премиер лига)
Ако им е за некаква утеха, во овој месец имаат две средби од Премиер лига против екипи кои не се од овој ранг. На 27 февруари против Кристал Палас и на 3 март против Саутемптон.
Ова се можеби најважните битки на Солскјер по кои ќе се види колку зрел состав има за борба на три фронта. Со оглед на тоа што е на делба на петто и шесто место со Арсенал со кои имаат по 44 бодови, а Челси на четврта позиција им бега само три бода, дуелот против Топџиите ќе им биде многу важен.