Спортинг и останатите седум екипи во втората женска португалска лига едвај чекаат да заврши сезоната за да се отарасаат од дебитантот во нивното друштво.
Се вика Бенфика која знае само за две нешта, доминација и немилосрдност. Се работи за новоформиран клуб кој ги почна настапите во септември минатата година. Досегашните резултати им се следни:
14 победи на 14 натпревари. Гол разлика: 257 дадени и 0 примени голови. НУЛА.
Во претходното коло го декласираа градскиот ривал Спортинг со 10:0, а на последниот меч го посрамотија Пего со 32:0, со што остварија нов рекорд во историјата на женскиот фудбал во Португалија.
Најпрецизни на мечот беа Дарлен со 10 и Переира со 7 погодоци, мислиш за ракомет пишуваме, а дека во оваа екипа преовладува тимскиот дух потврдува податокот дека дури 10 фудбалерки се запишале на листата на стрелци. Плус паднал и еден автогол.
Повеќе од јасно е дека Бенфика ќе биде новиот прволигаш и чист промашај е што ја пуштиле во старт да биде во второлигашко друштво. Гол не можат да им дадат, а не па да ја победат.
Хајлајтс од мечот 32:0. Овие едвај мрдаат, а не па да им парираат.