Роналдо - фудбалска ѕвезда со 3 жени и преку 200 љубовници

Од срамежливо и не баш симпатично дете кое не ги привлекувало девојките, Феноменот стана еден од најголемите плејбој фаци во градот на модата. А како поинаку кога се дружел со Бобо Виери.

ВО МЛАДОСТА НЕ МОЖЕЛ ДА СИ НАЈДЕ ДЕВОЈКА

Соиграчите на Роналдо се сеќаваат дека тој никогаш не повишил тон на некој од играчите поради лошо додавање. Секогаш се смеел и бил добро расположен.

Во младоста бил многу срамежлив, не баш симпатичен и бескрајно дрдорел за фудбал. Со овие „квалитети“ не проаѓал кај девојчињата па другарите често го закачкале и му викале дека е геј.

„На почеток тоа го погодуваше, се нервираше, но подоцна почна да прави шеги и природно копираше хомосексуални гестови. Тоа беше некаква негова заштитна реакција, но дечките кои не го познаваа викаа дека е геј“, раскажува извесен Каланго, добар другар на Роналдо од детството во биографската книга за Роналдо „Ronaldo!: 21 Years of Genius and 90 Minutes That Shook the World“.

Првиот љубовен обид на Рони му бил неуспешен. На 14 години тој бил вљубен во комшиката Кели за која берел овошје и и носел во дворот.

Сите негови обиди биле залудни затоа што таа не го бендисала поради неговиот надворешен изглед.

А потоа се се сменило. На 17 години Рони застанал на нозе како право момче, ги исправил своите заби и прераснувал во ѕвезда на бразилскиот фудбал.

Во 1994 година на 17 години стана Светски шампион со Бразил заедно со легендите Ромарио, Дунга, Тафарел, Бебето, Кафу. После неколку години, еден новинар на весникот Placar успеал да ја најде комшиката Кели и да ја праша дали таа сега се кае што го одбила Роналдо:

„Тој веќе не е така грд. Сега дури е и привлечен. Атлетски е добро граден, има свој стил. Камо да беше таков кога се дружевме!“, рекла девојката.

Но феноменот Рони веќе заборавил на Кели и таа не му требала: можел да разговара со која било слободна дама и да излезе на вечера со неа. Многу бил популарен.

ОБОЖАВАЛ СЕКС И ГО ИМАЛ ПРЕД СЕКОЈ МЕЧ

Во Холандија, 17-годишниот Роналдо кој потпиша со ПСВ Ајндховен дошол заедно со симпатичната русокоса Надја, со која се запознал во Рио.

„Таа секогаш одеше во дреч црвена гардероба, на високи штикли и носеше мини здолништа. Да гледа телевизија и да има секс со Надја биле две најголеми хобија на Роналдо“, се сеќава неговиот другар од тоа време Каланго.

После пола година, Надја како да му додеала и тој за време на еден одмор во Бразил ја сменил со друга „сочна“ блондинка - Вивијана со која се запознал на едно излегување.

По зборовите на другарите, ѕвездата на ПСВ ја однел и Вивијана во Ајндховен а таму еднаш во станот се појавила и Надја која му соопштила дека е бремена. Роналдо, кој тогаш веќе имал 18 години, барал да направи ДНК-тест. Надја одбила и Роналдо ја оставил.

Како што станал слободен дечко, тој секојдневно менувал девојки. Често раскажувал дека секс повеќе сака и од карневал и од фудбал.

Најпознат монолог за неговиот однос кон сексот го произнел пред Светското 2002.

„Веќе шест години јас пред секој меч имам секс. Но има еден важен услов - треба да играм пасивна улога. Тоа ме прави среќен, во пасивен секс уживам минимум два часа. Главно да останам спремен. Во спротивно ќе потрошам многу енергија која ќе ми фали на теренот.“

Еднаш после тренинг во Барселона требал да се појави на ручек со останатите фудбалери но тој не се вратил во базата. После неколку часа клупските секретари го нашле во соблекувална со две девојки.

Тој лесно наоѓал нови љубовници благодарение на статусот суперѕвезда и идол на многу генерации. Кога преминал во Барселона пред неговиот дом секој ден стоела вљубена навивачка.

Бразилецот не можел да оддолее да нема ништо со неа иако таа сакала сериозна врска. Во еден момент толку се зближиле што тој се запознал и со мајка и Соња.

„Многу ми беше жал тогаш за ќерка ми, таа му беше интересна на Роналдо и побарав од него да не ја поистоветува со многу други жени. Знаев дека и тој е чувстително момче“, рекла Соња.

ЗА МАЛКУ НЕ ОСТАНАЛ БЕЗ „ЗЛАТНА ТОПКА“ ПОРАДИ НОЌНИ ЛУДОРИИ

Во 1997 година Роналдо на голема врата се пресели во Интер и тука го почна најлудиот период надвор од теренот.

Селидбата во Милано ја одбележа и врската со бразилскиот топ модел Сузана Вернер. Роналдо се појавил и на италијанско тв-шоу каде раскажал многу детали за односот со девојка му:

„Многу сакаме игри во сексот. Често практикуваме да имаме односи во тоалетот. Многу ја обожавам Сузана од глава до пети“, си кажал Рони.

Откритијата на Роналдо звучеле романтично, но топлиот однос кон Сузана не го спречил секоја вечер да излегува по миланските диска со други девојки.

Тој е роден во Рио и љубовта кон гласниот карневал и забави радувал како сонцето на Копакабана. За разлика од Џорџ Бест и Пол Гаскоњ тој не кршел по клубови, не се напивал и не правел проблеми. Просто го сакал животот и го славел како празник. Друштво му правел најголемиот мангуп меѓу фудбалерите во Италија, Кристијано Виери.

„Во Интер со Роналдо имавме такви ноќи што сите ни завидуваа“, рекол еднаш Бобо.

Често останувале до сабајле во ноќен клуб па доаѓале на тренинг мртви уморни. Интересно, Роналдо лесно го преживувал тој режим но и голем дел од времето бил повреден и не тренирал.

„Сабајлето беше кошмарно. Не можев да дишам и не ми се живееше. А Роналдо пиеше капучино, ме гледаше и ми се смееше. Тој не мораше да тренира.“

****

Во 1997 година Роналдо отишол на Копа Америка во Боливија. За човек кој три години претходно освоил Светско првенство, Копа Америка бил турнир на кој можел да се одмори. Новинар на The Guardian, Џек Керол напишал текст за турнирот а дел од статијата била и за пијанките:

„Една вечер во бар седев со бучна компанија Бразилци кои бескрајно пиеја. Приметив дека сите носат исти зелено-жолти тренерки Nike. Сфатив дека пред мене стојат Ривалдо, Роналдо и Денилсон. На колена им седеа млади девојки, а Роналдо во еден момент имаше три до него. Бразилците останаа во барот до 3 наутро а потоа доаѓаа секоја вечер во бар. Околу нив се собираа многу полуразголени девојки“.

Сево ова не му сметало на Бразил да го освои турнирот а Рони да постигне пет гола.

Постојаните лумперајки не му влијаеле на играта на Роналдо и тој во 1998 година ја доби „Златната топка“ за најдобар стрелец, но еднаш ќе ја изгубел.

Во јануари 1998 година му го врачиле трофејот пред големото дерби Интер - Јувентус. Нераѕурите тогаш победија благодарение на голот на Џоркаеф. После мечот Роналдо бил на вечера со пријатели од Бразил поради што им избегал на новинарите.

Но во соблекувалната го оставил 12-килограми тешкиот трофеј „Златна топка“ (вредноста му се проценила на 11.000 фунти). Поранешниот портпарол на Интер Сандро Сабатини се сеќава: „Ми се јави Рони и ми кажа дека ја заборавил наградата. Ја најдов во корпа за веш во соблекувалната - таму ја оставил персоналот.“

ИМАЛ НАЈМАЛКУ 200 ЉУБОВНИЦИ

Никој точно не знае колку љубовници имал Ронадло, но Винсли Кларксон, кој ја пишува автобиографијата на Рони, вели дека тој низ истражувањата сфатил дека Бразилецот немал помалку од 200 жени во својот живот.

Украинска порно-актерка и едно време партнерка на Роналдо, Оксана Клачко во емисија на италијанското ток-шоу Il Processo раскажала:

„Јас спиев со Роналдо. Но за жал нашата врска не треше долго. Рони ми се допаѓаше како човек, како карактер, но и како партнер. Тој сака разновиден секс. Не мислам дека ова ќе биде новост за неговата жена Милена. Такви кратки авантури како со мене, Роналдо имаше постојано.“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата ретко раскажувал за својот приватен живот, но за ова кружат многу легенди и тешко е да се дознае што е вистина.

Еднаш во ноќен клуб во Милано непозната девојка му побарала сламка од неговиот коктел. Тој и го дал а таа неочекувано почнала да го бакнува неговиот палец. „Се чудевме. Тој вечерта заврши со неа“, раскажал неговиот другар.

Еднаш на Ролан Гарос во 1999 година фамозната руска тенисерка Ана Курникова се појавила во неговот друштво. Тие се гледале 2 години и подоцна раскинале. Курникова во 2006 година била заедно и со голманот на Интер Жулио Цезар.

Во јуни 1999 година тој се оженил за Милена Домингез, најдобрата бразилска фудбалерка во тоа време.

Роналдо бил вљубен во неа и еднаш пропуштил неколку тренинзи за да биде во нејзино друштво поради што Интер го казнил 5.000 евра. Според традицијата, таа не сакала да има односи до свадбата, а Роналдо не можел да издржи па често одел во јавни куќи.

На Милена по неколку години брак и засметало што тој постојано не е дома и во 2002 година се развеле. 

Со Милена го добил синот Роналд кој исто стана фудбалер и дури стигна до репрезентацијата на Бразил до 18 години. Во септември 2001 година Интер гостувал во Романија во Купот на УЕФА против Брашо. Роналдо „ја нападнал“ девојката која работела на рецепција уште првата ноќ. Следниот ден се запознал со една Бразилка која живеела во Романија и поминал ноќ со неа.

„Тој немаше потреба да договара жени. Тие сами му се нудеа. После пар минути разговор, завршуваа во постела со него“, рекла Украинката Клачко.

Позната е и анегдотата со Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид кој еднаш го прашал:

„Роналдо, зошто ти не остануваш дома навечер? Угледај се малку на Фиго кој седи дома со жената.

А Бразилецот му одговорил: „Президенте, и јас да имав таква жена како Фиго немаше да излегувам од дома“. 

На еден пат во Токио 2005 каде Бразил играл Куп на Конфдерации, во ресторан Роналдо запознал сонародничка со која имал кратка авантура. За таа епизода се дознало во 2011 година кога девојката го дала на суд: таа барала алиментација за бебето за кое тврдела дека е од Роналдо. Таа и направила ДНК експертиза која докажала дека детето навистина е на центарфорот.

Во 2007 година во Милан дојде Алешандре Пато кој еднаш рекол: „Од една страна го имав Кака, религиозен и со скромен и уреден начин на живот, а од друга страна во искушенија ме ставаше Роналдо со жени и ноќни проводи. Не знаев што да бирам.“

Во последно време Роналдо е смирен. Во весниците веќе нема негови фотографии со нови дами. Тој веќе две години е заедно со 24-годишниот модел и ди-џеј Селина Лоск.

Девојката нашла контакт од Роналдо, се запознале и често патуваат заедно. Инстаграмот на Рони е исполнет со фотографии од децата и Селина во аквапаркови и Дизниленд. Велат дека Феноменот првпат води смирен и скромен живот.