Offside

Дебито на Кристијано Роналдо во ЛШ

Поминаа 15 години од првиот настап на моментално најдобриот стрелец во клупското натпреварување кое со душа ќе го гледаме и овој вторник и среда. Шансата му ја даде Сер Алекс Фергусон, а младиот Роналдо успеа да изнуди пенал.

Најнеочекуваниот гол од пенал падна во Дагестан

Сè имаме видено од белата точка до сега. Пласирана, силна по земја, душмански во средина, статива гол, паненка и сл, ама ова е чуда над чудата, а ништо чудно прват да се случува откако се игра фудбал на планетава. Стрелец на голов кој падна во земјата која се граничи со Русија, Грузија и Азербејџан е судијата. Епа како, епа така.

Лудо шведско дерби

Хамарби од Стокхолм со 3:0 го прегази големиот ривал Гетеборг во шведското првенство. На мечот имаше прекрасни кореографии, убави голови и луди прослави на истите.

Само вториот во историја кој дал гол и за Лацио и за Рома на дербито

Првиот фудбалер кој постигнал гол во римското дерби и за Лацио и за Рома бил Арне Селмонсон. А втор во саботата стана Александар Коларов кој имаше мајсторија од слободен удар.

Навивач на Рома скаран со разумот и осетот

Италијанската јавност е згрозена од едно скроз неочекувано видео кое се појави од вонредното коло во Серија А минатата среда. За време на мечот Рома - Фрозиноне на навивачката трибина на Рома еден од ултрасите на Рома влегол во кавга со навивачка која ја решил со буткање по скали кое можело да биде и кобно. Според информациите на медиумите од чизмата жената до толку настрадала што ќе мора да лежи во болница еден месец. Навивачот е идентификуван и уапсен.

Фудбалерот од кого Роналдо ја научи прославата на гол сега одгледува марихуана

Еден од најинтересните репрезентативци на Австралија 14 години играше во најдобрата италијанска лига Серија А. Сега нит гледа фудбал нит бутур, во глава му е само конопот.

Беше ѕвезда во Лацио, а сега е меѓу ултрасите

Постигна гол на римското дерби, на она легендарното со Ди Канио, кога во Лацио беше и Пандев, освои две Скудета со Интер, а викендов билдаше атмосфера низ улиците на Рим како вистински тифозо. Дечкото е стварно цар и вистинска реткост што го прави ова.

Путин го опоменал Хамилтон да не помисли да го прска со шампањско

Како и во претходните неколку години, така и сега претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ги доделуваше наградите на победниците на трката за Големата награда на Сочи.

Потег што најмалку го очекуваше голманот

Се вика Нино Коутер, игра за словенечкиот тим Мура и излезе толку голем мангуп пред гол, кој не само голманот, туку никој не би очекувал ваква завршница во ситуација еден на еден. Покрај инстинкт, тука треба да имаш и голема храброст да не се сплеткаш па да те ремети кој стигне.

Заборавете на Нејмар, во Бразил има еден што глуми за Холивуд

Главниот симулант во бразилскиот фудбал - Дејверсон од Палмеирас и официјално ја зема наградата „најдобар глумец“ меѓу фудбалерите од Нејмар.

Нешто шкрипи во Јувентус штом Ањели го отпушти главниот оперативец

После осум исклучително успешни години во Јувентус, генералниот менаџер Бепе Марота соопшти дека клубот решил да не му продолжи договор и дека одлуката е на претседателот Ањели со кого извесно време не се сложувале околу работата. Наследник Зидан или Паратичи?

Ти за Вардар или за Слога си?

Играш дерби од типот на Олимпијакос - ПАОК, инаку број 169-то во историјата во кое најзабранетата опција ти е да го загубиш, а ти го решаваш со трагедија од автогол. Епа нема полошо сценарио. Како само успеа да го направи ова Јагош Вуковиќ кој на душа ќе го носи сега цела сезона.

Ван Перси уште е жив

Со ова младиве фудбалери кои искачаат како печурки и сите се следниот Меси, Роналдо или Нејмар, на постарите како Робин ван Перси малку како да подзаборавивме, а на човеков веќе му обелела косата. Добро не е престарен за фудбал, има 35 години и веќе 9 гола откако го засили Феенорд на почетоков од годинава.

Судијата на Рома - Лацио што крена офсајд од аут

Тоа што на средина од видеово се слуша како некој присутен гледач на стадионот довикува: „во Серија А“ со алузија дека ваква глупост не смее да се направи во ниските лиги а не во реномирано првенство како италијанската Серија А. Судијата Џанлука Роки на големото дерби Рома - Лацио крена офсајд за Лацијалите по изведен аут, ситуација во која според правилата не се крева офсајд.

Дибиров игра полетен како во најрана младост

Откако Вардар и натаму прави парче во Лигата на шампионите и откако завчера го совлада големиот фаворит на хартија, унгарски Веспрем, признание стигна и за одличниот Дибиров.

Салата на Вардар не му се посреќи на Металург

Ракометарите на Металург го забележаа и третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите, овој пат од словачкиот тим Татран Прешов, кој славеше со 24:29.

Формата на Манчестер Јунајтед преку еден корнер

Тимот на Жозе Мурињо игра топло ладно сезонава и не може да излезе на крај со екипи како Брајтон, Вулверхемптон и Дерби. Плус Мурињо и Погба ја спукаа, а Ешли Јанг најдобро покажа во кој правец им се движи формата.

Палачинка прослава

Сме виделе 101 циркузантска прослава на гол за што е кадарен и нашиот Марио Ѓуровски, ама ваква прослава не сме виделе и не ја разбираме. Стварно палачинка се стори.

Нова индивидуална мајсторија на Ибра

За Златан Ибрахимовиќ не постои поимот “ветеран“. Замина во САД, дестинација која наликуваше дека ја одбра колку да ја заврши кариерата и да ја надополни сметката во банка со уште некое милионче. Арно ама дечкото на 36 години игра како да е во средина на кариерата. 24 настапи - 20 гола за Галакси. Партали.

Има и фудбалер што седи во канцеларија и работи со биткоини

Го паметите ли Велшанецот Робсон-Кану кој ѝ даде луд гол на Белгија во четвртфиналето на Европското 2016? Епа дечкото работи како крт на мобилни апликации и работи со блокчејн и криптовалути.

Ајакс извади ново дете: најмладиот стрелец во клупската историја има 16 години

После 26 години рекордот на легендарниот Кларенс Сидорф како најмлад дебитант и стрелец во историјата на Ајакс, е срушен.

Во сабота немој да ми висиш пред телевизор

Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.