Многу полемики предизвика пеналот кој судијата Марко Гвида го досуди на дербито на колото во Серија А. Додека Бернардески и Роналдо комбинираа во шеснаесетникот на Лацио, на страна од нив Жоао Кансело падна по еден дуел со Сенад Лулиќ кој го повлече за дрес. Кристијано Роналдо го реализираше пеналот за 1-2. Тоа беше негово седмо гостување со постигнат гол во Серија А, со што го израмни рекордот на Стефан Ел Шарави од пред неколку сезони.