Тачер врати се - Милволци се потепаа со навивачите на Евертон

Во 1973-та година на „Гудисон Парк“ во Ливерпул, 7 навивачи на Милвол биле нападнати со нож од хулиганите на Евертон. Низ годините кај стариот „Ден“ стадион на Милвол имало графити: „Ако има среќа дајте ни го Евертон во Купот“. Денешната генерација навивачи на Милвол е трета задоена со омраза кон Евертон.

Милвол е мал клуб од Лондон чии навивачи повеќе од четири децении важат за едни од најпроблематичните на целиот Остров. Синоќа после долги години се паднаа со Евертон во Купот и Милвол направи сензација. Со гол во 90+4' минута од судиското продолжение славеше со 3-2 над Евертон и оди понатаму во ФА Купот кој го игра со поголема желба од првенството.

Пред и после мечот имало жестоки тепачки:

 

27 јануари 2019 - 14:34