10 НАЈДОБРИ БОРБИ ВО ИСТОРИЈАТА НА БОКСОТ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ИЗГЛЕДААТ
Мохамед Али - Џорџ Форман (30 октомври 1974 година, Киншаса)
Првата битка за титулата светски шампион која се биеше во Африка. Овој дуел важи за еден од најпознатите во историјата.
Малку кој му давал шанси на Мохамед Али како што било и пред неговиот прв меч против Сани Листон. За противник Али го имаше моќниот Џорџ Форман. После пеколно тешка борба за која и двајцата подоцна рекоа дека им била ужасно тешка (Али раскажал дека веќе се ракувал со смртта поради неподносливите горештини и големиот премор).
После неколку рунди врвен бокс, во осмата рунда Али после серија удари го нокаутираше Форман:
Мохамед Али - Џо Фрејзер, трета борба (1 октомври 1975-та, Манила)
Пред оваа борба на титаните, меѓусебниот исход беше 1:1. Третиот стана практично решавачки.
„Трилерот во Манила“ е култен. За него се снимани играни и документарни филмови. Овој боксерски меч траел 14 рунди во кои двајцата гиганти беспоштедно се удирале. Пред 15. рунда, аголот на Фрејзер ја прекинал борбата. Али победил но после мечот признал дека неговиот противник е класа и јавно побарал прошка за сите навреди кои ги кажал пред мечот.
Борбата меѓу Али и Фрејзер во 1975-та во Манила важи за една од највеличествените во историјата на спортот.
Марвин Хаглер - Томас Хирнс (4 април 1985 година, Лас Вегас)
80-те години не залудно ги викаат златна епоха на боксот. Во таа деценија боксувала златната четворка - Роберто Дуран, Томас Хирнс, Марвин Хаглер и Шугар Реј Леонард.
Тие меѓу себе боксувале понекогаш и по три пати. Хаглер и Хирнс се сретнале само еднаш но каква борба било тоа. Организаторите го насловиле дуелот „Војна“ и тој 100% ги оправдал очекувањата. Вреди да се изгледа.
Шугар Реј Леонард - Марвин Хаглер (6 април 1987 година, Лас Вегас)
Во месеците пред овој меч, Хаглер бил најдобар боксер на светот. Практично никој не му давал шанси на Шугар Реј но тој ги изненадил сите, боксувал феноменално и го победил фаворитот по судиска одлука.
Ова било најголема сензација во тоа време. Хаглер бил толку шокиран што набрзо го напуштил боксот.
Роберто Дуран - Ајерн Баркли (24 февруари 1989 година, Лас Вегас)
Кариерата на Роберт Дуран во лесна категорија била доминантна, па тој решил да боксува во потешка категорија. Најдобриот меч во кариерата го имал против Ајрен Баркли кој бил шампион.
Марко Антонио Барера - Ерик Моралес, прв меч (19 февруари 2000 година, Лас Вегас)
Оваа листа на најдобри мечеви во историјата не може да помине без Мексиканците. Посебно не кога во рингот има двајца врвни боксери.
Од 2000 до 2004 Барера и Моралес боксувале три пати, а две од тие борби биле прогласени за мечеви на годината. Првиот бил спектакл:
Израел Васкез - Рафаел Маркез, 3 меч (1 март 2008, Карсон)
Овие двајца Мексиканци беа помалку познати од Барера и Моралес но нивните борби беа далеку понеизвесни. Меѓу себе боксувале 4 пати, секој победил по 2 пати. Третата борба била најжестока со 12 рунди.
Артуро Гати - Мики Ворд, прв меч (18 мај 2002 година, Анкасвил)
Оваа трилогија треба да ја знае секој љубител на боксот. За неа многу е пишувано и слушнале дури и оние кои ретко следат бокс. Тешко е да се определи кој бил најдобар меч од сите три. Првиот го добил Ворд, а другите два Гати.
Мајк Тајсон - Евандер Холифилд (28 јуни 1997 година, Лас Вегас)
Кралска борба. Првиот меч на Тајсон и Холифилд беше епохален настан и еден од најжестоките во '90-те.
Цели шест години се чекаше на оваа борба, што поради проблемите со законот на Тајсон кој висеше по судови и затвори, што поради датумите.
И двајцата не беа во идеална форма, но во рингот имаше моќна акција. Уште од старт Тајсон проба во свој стил да наметне свој ритам со силни удари, но Евандер познат како одличен дефанзивец се одбрани и во 11-та рунда го нокаутираше преморениот Тајсон кој во тој момент веќе не беше „Железниот Мајк“.
Дури 23 години подоцна уште не сме виделе ваква борба.
Ентони Џошуа - Владимир Кличко (29 април, 2017, Лондон)
Борба на учителот против ученикот, искуство против младост, моќ против техника. Владимир Велики по сензационалниот пораз од Тајсон Фјури не боксуваше цели 18 месеци. Беше јасно дека веќе не е оној Кличко кој повеќе од 10 години царуваше со светската боксерска сцена во тешка категорија.
Малкумина беа спремни да се кладат на него против младиот и гладен за титули шампион кој боксуваше пред свои навивачи. „Вембли“ беше покриен, а на мечот дојдоа повеќе од 90.000 гледачи и никој не останал разочаран.
Кличко во свој манир го држеше на дистанца Џошуа и се обидуваше со повремени силни удари да го извади од контрола. Но во 5. рунда работите се сменија и Ентони воден од домашната публика нападна. Во 11-та рунда Британецот два пати го фрли во нокдаун Кличко и на крајот заслужено славеше.
И покрај поразот тој во 41 година покажа најдобар настап во целата кариера и влезе во легендата.