Ја имаме на мегдан листата на стрелци во европските натпреварувања, базирана врз бројки од ЕХФ, која не може да не ви го направи ќеифот.
И покрај тоа што ова е познат податок, сепак убаво е да се погледне откако некој вака ќе го стокми и пушти во етер за да може да го види цела Европа и светот.
Нашата ракометна икона која доби кралски третман на испраќањето во Нант е број 1 по број на погодоци на меѓународна сцена.
Има вкупно 1.596 гола од кои 1.482 ги дал во Лига на шампиони и уште 59 гола во Европската лига и ЕХФ Купот. Па кој и кога ќе го стигне со вакви вонсериски бројки?
На второпласираниот Никола Карабатиќ му бега 453 гола и тој се наоѓа на втората позиција со 1.143 погодоци. Трет е Димур Дибиров со 1.053, четврти Момир Илиќ со 1.033, петти Микел Хансен со 1.001.
Тоа е петорката која успеа да ја мине границата од 1.000 голови.
Инаку македонски ракометари по бројот на голови во европските натпреварувања, после Лазаров се:
Наумче Мојсовски (325), Дејан Манасков (286), Стојанче Стоилов (217), Стевче Алушовски (213), Ванчо Димовски (193), Гоце Георгиевски (189), Лазо Мајнов (187), Филип Талески (140), Бранислав Ангеловски (127), Иван Марковски (122), Александар Јовиќ (118), Гоце Ојлески (116), Филип Кузмановски (115)...
🔥🔥🔥
— Fabian Koch (@Fabian_Handball) June 22, 2022
It's here, it's free!
The all-time scoring-list for European club competitions based on EHF data in a single Google spreadsheet.
Note: data is incomplete before season 2003/04. Player's names based on eurohandballdotcom, i.g. Čupić=Cupic. #handballhttps://t.co/7CLXfNRZB9 pic.twitter.com/BloUdsnzHb
Пораките за Кире кои одеа на видео бим на спектакуларното испраќање
Маалскиот живот на Лазаров кој се тепал на фудбал, играл баскет и скришно пушел цигари
Првата битка во ЛШ на 15 години, дружбите со коњакот и големите кризи во Битола