Победничко селфи на Вардарци со Комити

Ракометарите на Вардар ја остварија најслатата победа на сезоната, со проектил во последна секунда и тоа над најголемиот ривал Еурофарм Пелистер на гости. Сега се во поволна ситуација во битката за титулата и на реваншот во Јане Сандански им е доволно и реми. Славенечкиот момент во Боро Чурлевски, ракометарите го овековечија со своите најверни навивачи.

25 април 2025 - 08:29