
Битола е обоена во црвено и црно. Двократниот европски шампион Вардар успеа да се избори со пеколната атмосфера во Битола која долго време беше на праг на вриење и на крај да слави победа која уште долго ќе се прераскажува.
Скопскиот состав уште од стартот во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола покажа дека е дојден по цел плен. Вардарци поведоа 0-4 на стартот и во целост ја оладија домашната публика која беше спремна да слави победа која ќе им го отвори патот.
Ракометарите на Вардар водеа од почеток до крај на натпреварот и сосема заслужено стигнаа до цел плен. А победата стигна со гол во последна секунда на Хориха кој постигна прекрасен погодок од далечина и го совлада Николче Митревски.
Вечното дерби помина во рекорден број пенали, се изведоа дури 27 што е нов рекорд во македонската Суперлига.
Младен Крсманчиќ со 11 гола беше најефикасен на натпреварот. Херојот Дмитро Хориха постигна 7 погодоци од кои последниот беше решавачки за победа. Кај домаќинот Пелистер Дејан Манасков беше прв стрелец со десет гола а капитенот на македонската селекција Филип Кузмановски постигна 9 гола.
Сега после 5. кола во Суперлига Вардар е лидер со 12 бода, Пелистер кој е актуелен првак е втор со 11 бода а Алкалоид е трет со 8 бода.
Во следната рунда Вардар ќе му гостува на ривалот Алкалоид во натпревар кој ќе биде исклучително важен за црвено-црните. Пелистер ќе го пречека кавадаречки Тиквеш.
Зошто настана гужва после дербито Еурофарм Пелистер - Вардар 1961?
Бомбата од 10 метри која ја искина мрежата на Пелистер