По топот на Украинецот Дмитро Хориха од 10 метри со кој ја скина мрежата на Митревски, Вардарци славеа еуфорично победа и се затрчаа кон своите навивачи. Во еден момент Вуко Борозан кој беше можеби најдобар поединец на мечот го крена својот црвено-црн дрес кон битолската публика. Веднаш му се пуштија ракометарите на Пелистер да го спречат во тоа а најжестоко реагираше капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски кој дури и му го одзел дресот во гужвата.