- Два сериозни спорта со голема и долга традиција најверојатно ќе бидат изоставени од следните Олимписки Игри. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах вели дека биле загрижени што во овие два спорта, бокс и кревање тегови, нивните меѓународни федерации имале големи проблеми во организацијата на нивните спортови.
- Големиот број допингувани натпреварувачи во кревањето тегови се смета за најголем проблем во овој спорт
- Во водењето на боксот утврдени се неправилности, пред се во необјективно судење на боксерскиот турнир на ЛОИ 2016 во Рио Де Жанеиро каде наводно најмалку 10 борби биле наместени и лошо се судело. Сомнително и спорно било судењето на финалниот меч на шампионот на тие Олимписки Игри Французинот Тони Јока кој претходно во полуфинале го совлада хрватскиот шампион Филип Хрговиќ.
- МОК ја исклучи АИБА (Меѓународната боксерска федерација) од својот список на легитимни федерации зошто АИБА долго била вмешана во свет на сомнителни и коруптивни зделки. Во јуни 2019 Гафур Рахимов од Узбекистан морал да ја напушти претседателската функција на АИБА поради обвиненија за криминални зделки меѓу кои и криумчарење дрога. САД распишал потерница по него.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.