- Кошаркарите и стручниот штаб на најтрофејниот спортски колектив во земјава КК Работнички конечно отворија душа и преку заеднички потпишано соопштение на јавноста и кажаа како стојат работите во паднатиот гигант кој од година во година крпи крај со крај.
- „Тимот функционира во недостоинствени услови, без основна опрема, без елементарна логистика и со постојана неизвесност околу најосновните организациски прашања. На патувања сме оставени сами на себе, без сигурен превоз, па често навивачите ги покриваат овие трошоци. Ова е срам за клуб со ваква историја и реноме.
- Дополнителен врв на непочитување е фактот што ниту играчите, ниту стручниот штаб не беа поканети на официјалното отворање на реновираната сала — нашата „куќа“. Овој чин јасно покажува колку малку се ценат луѓето кои секојдневно се борат за грбот и угледот на клубот.
- Јавно констатираме дека ветувањата дадени од градоначалникот не се исполнети, всушност, слободно можеме да кажеме дека тој неколку пати не излажа, а спортскиот директор со недели не одговара на телефонските повици и пораките, со што практично ја прекина секоја форма на комуникација со тимот. Ваквиот однос го сметаме за неодговорен и недозволив“.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.