Бекот шутер Спенсер Динвиди во НБА бил драфтуван во 2014-та година, во втората рунда како 38-ми пик. Динвиди во кариерата досега играше во Детроит Пистонс, во Винди Сити Булс, во Бруклин Нетс, Вашингтон Визардс, Далас Маверикс па повторно втор мандат во Нетс и од 10-ти февруари е нов играч на ЛА Лејкерс.
Динвиди во САД е познат како играч кој вметнува чудни ставки во своите договори па така еднаш на пример во договорот имал клаузула според која навивачите би можеле да инвестираат во криптовалути преку неговиот договор.
As @mcten reported, the Lakers signed Spencer Dinwiddie to the remaining portion of their non-tax mid level exception.
— Bobby Marks (@BobbyMarks42) February 11, 2024
Here is the breakdown:
Base
2023-24- $1,554,654
Incentive
$1- If the Lakers win the NBA Championship
Таквата „каша-попара“ не му успеала а обично чудните услови кои ги поставува на крај доведуваат до уште почудни договори.
Новинарите на ЕСПН, Дејв МекМенамин и Боби Маркс соопштија детали од договорот на Динвиди со Лејкерс според кој тој би добил 1 долар бонус ако Лејкерс ја освојат титулата. Сето ова е поради ограничувањето во плати и даночните посебности на НБА лигата и од причина што клубот се наоѓа во таканаречената луксузна такса и нема право да плаќа играчи колку што ќе посака.
Динвиди имал понуда и од Далас Маверикс но на крајот се одлучил за тимот од неговиот роден град. Тој сезонава во просек постигна по 12,6 поени со шест асистенции по натпревар што е сосема солидно но во исто време има и лош шутерски процент во однос на потрошени топки. Тој е доведен да му биде резерва на Д’Анџело Расел или на Остин Ривс и да го растерети Леброн Џејмс.
Но ЛА Лејкерс игра уште една слаба сезона и е на 9-то место со 28 победи и 26 порази, со слаби шанси да влезе во плеј-ин на крајот од регуларниот дел од сезоната.