Најпопуларните НБА видеа на ЈуТјуб

ЈуТјуб каналот на НБА лигата ја премина границата од 1 милијарда прегледи. Одбележувајќи ја доминацијата на интернет, НБА објави компилација од нивните најпопуларни видеа.

НБА лигата стана првата спортска лига со свој канал на ЈуТјуб во 2007-та година, а мината недела бројчаникот надмина 1 милијарда прегледи. За таа цел тие објавија компилација со најпопуларните вирални моменти објавени на нивниот канал.

Ова се 5-те најпопуларни видеа:

5. Најдобрите 10 потези на Леброн Џејмс од сезоната 2008/2009
5,8 милиони прегледувања

4. Забивањето на сезоната на Блејк Грифин
6 милиони прегледувања

3. Рекламата за празничните дресови
7,2 милиони прегледувања

2. Најдобрите 10 потези на Коби Брајант во 2007
7,8 милиони прегледувања

1. Играњето на Шек, Леброн и Двајт Хауард пред „Ол-стар" натпреварот во 2007
18,9 милиони прегледувања

17 декември 2012 - 15:24