Кец у два

Кладилниците ги враќаат парите

Една од омилените опклади на кладилничарите беше погодувањето на човекот кој ќе го запали олимпискиот оган, но организаторите успеаја да го изненадат цел свет. Сепак неколку кладилници испаднаа фер и најавија дека ќе им ги вратат парите на сите кои вложиле на оваа опклада.

Се кладиме дека ќе снема кондоми во Лондон?

И додека сите нормални луѓе се кладат на Болт, Фелпс и дрим-тимот, некои кладилничари сакаат своите пари да ги вложат на малку чудни опклади, а британските кладилници се тука да ви понудат се што би посакале.

Бразил прв фудбалски фаворит на ОИ во Лондон

Фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе биде еден од поинтересните во олимписката историја, а според кладилниците, репрезентацијата на Бразил е главен фаворит за освојување на златниот медал.

Шкендија се продаде за два у кец?

Полупрофесионалците од Северна Ирска немаа победа во европско натпреварување цели 38 години, се додека не се паднаа со македонски клуб. Задоволни лица на сите страни. Некој се пласираше во следната фаза, а некој си фати во кладилница.

Кладилниците го селат Ван Перси во Манчестер Сити

Веднаш штом Робин ван Перси објави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, кладилниците ги објавија своите коефициенти според кои најголеми се шансите тој да ги следи стапките на повеќе свои колеги и да се пресели во Манчестер Сити.

Кој си знае, си знае

Италијанските медиуми открија тикет од кладилница за кој тврдат дека му припаѓа на Стефано Маури.

Шпанија фаворит пред Италија

Пред почетокот на Европското првенство, репрезентациите на Германија и Шпанија беа прогласени за најголеми фаворити според кладилниците, а и покрај одличното издание на Италија во полуфиналето, Шпанците останаа фаворити и за финалето.

Германија најголем фаворит за титулата

Пред почетокот на Европското првенство, кладилниците им даваа најголеми шанси на Германија и Шпанија, но по прикажаната игра по групната фаза, сега Германија се издвои како најголем фаворите за освојување на титулата.

Ич не беше местена

Селта Виго обезбеди пласман во Примера откако одигра 0:0 со Кордоба. На Селта и требаше бод за промоција, а на Кордоба и беше доволен бодот за пласман во плеј-оф. Натпреварот беше блокиран во повеќето кладилници, а таму каде што се уште беше во понуда, коефициентот за X беше 1,2.

Шпанија и Германија фаворити на ЕУРО 2012

Според коефициентите на обложувалниците, најголеми фаворити за освојување на Европското првенство во Полска и Украина се репрезентациите на Шпанија и Германија, а најголеми аутсајдери се Ирците.

Капитенот на Лацио уапсен за местење натпревари

Италијанската полиција уапси 19 луѓе, а помеѓу нив е капитенот на Лацио, Стефано Маури. Под истрага е и тренерот на Јувентус, Антонио Конте.

Драхма или евро пред елиминација од ЕУРО 2012?

За време на Европското првенство освен добар фудбал ќе имаме и огромна понуда на стандардни, но и невообичаени кладби во обложувалниците каде можете да вложите пари на тоа дали Грција прво ќе испадне од ЕУРО 2012 или Еврозоната?

Агуеро им направи зијан на обложувалниците

Голот на Серхио Агуеро со кој Манчестер Сити ја освои титулата, ги „ошури" британските обложувалници и за нив тоа е најскапиот гол во историјата на Премиер лигата.

Тикет на колото од Стефан Ристовски

Тикетот на колото за овој викенд го состави еден од најталентираните млади македонски фудбалери, членот на Парма и македонската репрезентација до 21 година, Стефан Ристовски.

По втор пат во загуба заради Манчестер Јунајтед

Обложувалницата Betfred по втор пат ја направи истата грешка и предвремено ги исплати парите на оние кои се обложиле дека Манчестер Јунајтед ќе биде шампион на крајот од сезоната.

Италијански ултраси вмешани во местење натпревари

Кога веќе виделе дека нивниот тим нема шанси да се спаси од испаѓање од Серија А, водачите на навивачката група на Бари решиле да заработат од поразите.

Тикет на колото од Ндерим Неџипи

Овој викенд за составување на нашиот тикет на колото ќе ни помогне Ндерим Неџипи со неговото интернационалното искуство од Германија и Белгија.

Мајстор за кладење во живо

Дали би ставиле пари на кладење во живо на екипа кој губи кошаркарски натпревар со 27 разлика? Тоа го сторил еден Американец и сега е побогат за 41.000 долари.

Тикет на колото од Драган Ѓоргиев

Тикетот на колото за овој викенд го состави Драган Ѓоргиев, поранешниот член на германските клубови Мајнц и Падерборн и член на младинската репрезентација на Македонија.

Баерн Минхен фаворит според обложувалниците

Светските обложувалници веќе ги објавија своите понуди за финалето од Лигата на шампиони каде Баерн Минхен е фаворит против Челси. Според обложувалниците, најголема е веројатноста дека натпреварот ќе заврши со резултатот 1:0.

Тикет на колото од Виктор Ангелов

Овој викенд тикетот на колото за вас го типува капитенот на македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, Виктор Ангелов, кој е поранешен член на младинците на Борусија Дортмунд и Шалке.

Барса сѐ уште фаворит според обложувалниците

И покрај тоа што Барселона има негатива од првиот полуфинален натпревар против Челси, светските обложувалници и натаму веруваат дека актуелниот европски шампион има најголеми шанси за одбрана на титулата во Лигата на шампиони.

Ново самоубиство на фудбалски местач

Челниците на ФК Работнички се обидоа да не убедат дека не е ништо страшно што сакаат да потпишат со осуден местач од Јужна Кореја, но четворица вмешани во големата афера со наместени натпревари од оваа земја веќе извршија самоубиства.