Во 1998-та година, Манчестер Јунајтед имаше 12 поени предност во однос на Арсенал, кога Фред Дан, сопственикот на обложувалницата Betfred реши да им исплати на обложувачите кои вложиле пари дека Јунајтед ќе биде шампион. На крајот од сезоната Арсенал ја освои титулата со предност од еден поен, Betfred загуби 500.000 долари.
Betfred беше првата обложувалница која предвремено им исплати на обложувачите, но сопственикот Фред Дан не ја научил лекцијата.
Минатиот месец, Дан кој и самиот е голем навивач на Манчестер Јунајтед, повторно реши предвремено да ги исплати обложувачите.
„Пет поени предност се премногу и повторно исплатам околу половина милион фунти на оние кое се обложија дека Манчестер Јунајтед ќе биде шампион. Во 1998-та година Фергусон ми рече никогаш повторно да не исплаќам предвремено, но Сер Алекс не треба да се грижи. Овој пат не згрешив. Јунајтед ќе ја освои 20-та титула", изјави Дан пред еден месец.
Но Ферги не згреши. Фред Дан сега се моли Манчестер Сити да киксне против Квинс Парк Ренџерс за тој по втор пат да не изгуби 500.000 фунти.
Пред одигрување на последното коло, Сити има предност од осум гола во однос на гол разликата на Јунајтед. Манчестер Сити го пречекува КПР, а Манчестер Јунајтед му гостува на Сандерленд.